Линкови за пристапност

Преговори во Виена: Позитивни, но тешкотиите излегуваат на виделина


Условен напредок, беше формулацијата што министерот за надворешни работи ја употреби по средбата со Коѕијас и Нимиц

Продуктивна - вака Метју Нимиц ја нарече речиси шестчасовната преговарачка рунда во Виена, која го означи почетокот на интензивирањето на разговорите меѓу Македонија и Грција, што треба да доведат до евентуално решение на деценискиот спор за името.

Денешната средба се одржуваше на две нивоа. Пониско - на работни групи на експерти од двете Министерства за надворешни работи, и на високо ниво - меѓу шефовите на дипломатиите Димитров и Коѕијас, и самиот медијатор.

„По целодневните разговори, можам да кажам дека средбата беше продуктивна, што прави да бидеме оптимисти за иднината. Истовремено, се одвиваа и средби на дипломати и експерти од двете земји, кои работеа на некои помалку контроверзни аспекти на договорот, со особен фокус на идните односи меѓу двете земји, каде исто така беше забележан напредок. Предвидени се серија средби и во иднина, и без да дадам какви било детали, адресирани се тешките прашања, за кои и натаму треба да се најде решение. Имам позитивно чувство, и двајцата министри се фокусирани на долгорочните односи, на стабилноста во регионот, на важноста од добри односи меѓу двете држави, со надеж дека ќе продолжиме да работиме на мошне позитивен начин“, изјави медијаторот Метју Нимиц.

И министерот Никола Димитров излезе со позитивна оценка за денешната средба, но, и доза на внимателност дека допрва следи потешкиот дел од работата.

Условен напредок, беше формулацијата што Димитров ја употреби по средбата со Коѕијас и Нимиц.

Изјава на министерот за надворешни работи, Никола Димитров
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:02 0:00

„Разговаравме за сите отворени прашања, за целиот пакет, можам да кажам дека направивме условен напредок, бидејќи како одиме напред така доаѓаме и до тешките прашања. Мислам дека и од нашата страна и од нивната страна имаме доста за размислување и за мерење. Работевме по логиката што е тоа што е најважно за Република Грција, што е тоа што е најважно за Република Македонија, и дали можеме во компромисот кон кој што се движиме да ги покриеме двете работи. Меѓутоа не` зачудува што колку поотворено, поконкретно чекориме кон решение, така и тешкотиите излегуваат се` повеќе на виделина“, изјави Димитров.

Нимиц даде изјава без да одговара на новинарски прашања. Двајцата министри исто така дадоа одвоени изјави – Димитров пред македонските, Коѕијас пред грчките новинари.

Нимиц: Позитивно чувство за напредокот на преговорите за името
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:42 0:00

Се поздравија на заминување, и најавија нова средба веднаш по Велигденските празници.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG