Линкови за пристапност

Грчкиот парламент го одложи гласањето за Договорот од Преспа


Македонскиот парламент веќе го поддржа уставниот амандман за промена на името

Гласањето во грчкиот парламент за ставање крај на спорот околу името со Македонија одложено за утре.

Со договорот постигнат меѓу двете држави минатата година името на Македонија ќе се промени во Северна Македонија, а во замена Грција ќе и овозможи на Македонија да влезе во НАТО.

Македонскиот парламент го поддржа уставниот амандман за промена на името, но за договорот да биде валиден промените мора да бидат усвоени и во Парламентот во Атина.

Гласањето кое првично требаше да се одржи по полноќ беше одложено неколку часа, за поголем број законодавци да можат да го искажат став пред говорница.

Најавата за одлагањето на гласањето дојде откако демонстрантите од Грчката комунистичка партија ги отстранија транспаренти кои беа поставени на Акрополис, и на кои стоеше пораката „Не за договорот Ципрас – Заев“.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговиот македонски колега Зоран Заев се номинирани за Нобеловата награда за мир за 2019-та година за договорот со кој треба да се стави крај на еден од најдолгите дипломатски спорови во светот, кој започна во 1991-ва година кога Македонија се оддели од Југославија.

По договорот Ципрас го изгуби националистичкиот партнер во парламентот кои во знак на протест излегоа од коалицијата.

(Еша Сарај)

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG