Линкови за пристапност

Стејт департмент: САД го поздравуваат историскиот договор за решавање на спорот за името


"САД им честитаат на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев и го поздравуваат историскиот договор за решавање на спорот за името. Решението ќе биде од корист за двете земји и ќе ги зајакне регионалната безбедност и напредокот. Премиерите Заев и Ципрас покажаа визија, храброст и упорност во изнаоѓање на заемно прифатливо решение.

САД воедно ја поздравуваат посветеноста на посредникот на ОН Метју Нимиц, во неговите безрезервни напори за ставање крај на преку две децении стариот спор.

Подготвени сме да го поддржиме овој договор, како што беше побарано од двете земји", изјави портаролката на Стејт департментот Хедер Нуерт, во соопштението по повод постигната спогодба меѓу Македонија и Грција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG