Линкови за пристапност

Македонија со својa нацрт-спогодба до Грција


Македонија испрати свој нацрт-договор до Грција
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:00 0:00

Македонија денеска испратила сопствена нацрт-спогодба во Атина, соопшти владиниот врв, истовремено потврдувајќи дека во изминатите денови во Скопје била примена грчка нацрт-спогодба. Намерата е двата документа – македонскиот и грчкиот, да се разгледаат за време на претстојната посета на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.

Идејата е состаноците во Скопје да бидат во насока на подготовка на преговарачката рунда под покровителство на медијаторот Метју Нимиц, за која денеска беше обелоденето дека ќе се одржи наредниот петок, нa 30-ти март во Виена.

„Денеска попладне, во Атина, претставник на МНР на РМ, го достави до грчката страна нацрт-договорот што изминатите денови интензивно беше подготвуван – тоа е македонскиот нацрт-договор. Истовремено сакам да потврдам дека во изминатите денови го добивме и грчкиот нацрт-договор. Со ова, комуникацијата која досега главно се водеше низ усмен дијалог сега влегува во фаза на пишани документи. Убедени сме дека ако целта е да се најде едно одржливо и достоинствено решение, да се најде една разумна дистинкција меѓу нашата држава Македонија и регионот Македонија во Грција, тогаш тоа е можно“, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров.

„Во нашата нацрт-спогодба има повеќе меѓународни формулации на вакви меѓународни договори затоа што формулациите во делот на името, употребата, широчината, идентитетските прашања, кодовите и слично, се уште се на преговарачката маса. Така што, тие се ставени во разни форми, како што се ставени и од грчка страна. Повеќе станува збор за технички аспекти на формулацијата на договорот. Но, верувам дека на крајот сепак ОН се тие што имаат најсериозна меморија и искуство за вакви договори затоа конечното решение го очекуваме токму од таму. Деталите нема да ги кажам затоа што, пред се`, се од технички аспект на организирање на структура на меѓународен договор“, подвлече премиерот Зоран Заев.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG