Линкови за пристапност

Ратификацијата на договорот со Грција – во наредните 24 часа?


Грција треба да ги извести Европскиот совет и НАТО, дека дава поддршка за почеток на преговори со Македонија

Неофицијално, од владеачкото мнозинство најавија дека продолжението на 51-вата седница на Собранието на која ќе се ратификува договорот со Грција, би можела да се одржи до крајот на денот.

Предлог-законот за ратификација на договорот за името сега е пред Комисијата за европски прашања. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да учествува во работата на Комисијата и на Парламентот. За подоцна е закажана и седница на Законодавно-правната комисија која исто така треба да го прегледа законот.

Со оглед на фактот што членовите на двете комисии од опозицијата нема да присуствуваат на седниците и дека станува збор за разгледување на договорот и изјаснување на членовите околу него се очекува тој повторно да биде вратен пред пратениците на гласање денеска или најдоцна утре.

Согласно договорот, по ратификацијата во македонскиот Парламент, Грција треба да го извести претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск дека дава поддршка за почеток на преговорите за членство во ЕУ и да го извести Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, дека ја поддржува поканата за членство во Алијансата. Самитот на ЕУ ќе се одржи наредната недела, а на НАТО, на 11-ти и 12-ти јули.

Паралелно со почетокот на собраниската седница, пред зградата на Парламентот се собра група граѓани на мирен протест на кој ги повторија барањата, отфрлање на договорот и оставки од пратениците.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG