Линкови за пристапност

Преговорите за името по Велигден може да бидат клучни


Преговорите за името по Велигден може да бидат клучни
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:46 0:00

Се смета дека состанокот во Охрид може да биде очекуваната пресвртница во решавање на спорот

Благ оптимизам преовладува во државните кругови во Скопје, во пресрет на новата рунда преговори за името, закажана за идната недела, кога се очекува шефот на грчката дипломатија повторно да допатува во Македонија.

Средбата која, наместо во Скопје, ќе се одржи во Охрид, според информациите на „Гласот на Америка“ се смета за клучна за процесот, и треба да покаже колку навистина се блиску позициите на двете страни за пробив во спорот што трае од независноста на Македонија.

Впечатокот, според нашите извори, е дека состанокот Димитров - Нимиц - Коѕијас во Виена донел придвижување на работите, и оти поминал во поконструктивна атмосфера, отколку разговорите меѓу двајцата министри неделата претходно во Скопје.

Затоа, се смета дека охридскиот состанок, по велигденските празници, може да биде очекуваната пресвртница.

„Да, јас сум повеќе позитивен по Виена, зашто министрите ја отоворија душата, ги кажаа ставовите, кажаа што е тоа што е возможно, а што не возможно, така што придвижувања напред има. Се надевам дека претсојната средба во Македонија 11-ти и 12-ти април, мислам во Охрид, ќе доведе до дополнително придвижување. Верувам дека е можно решение кое ќе го зачува достоинството и идентитетот на двете земји“, изјави премиерот Зоран Заев.

Раздвижувањето во процесот за името по преговорите во Виена, и во пресрет на разговорите во Охрид, очигледно резултира со оптимизам и кај амбасадорите на највлијателните земји - членки на НАТО.

„Она што е ново е чувството за реална можност Македонија наскоро да се приклучи кон НАТО, дека тоа не е далечно нешто со непремостиви пречки за остварување“, изјави американскиот амбасадор во Скопје Џес Бејли.

И двете страни засега се воздржани околу точките од прашањето за кои има напредок, и за точките за кои разликите се најголеми, како на пример, грчките барања за уставни измени, со цел да се обезбеди, како што тврди Атина, erga omnes решение.

Паралелно со загревањето на преговарачката атмосфера, влијателната Европска иницијатива за стабилност, денеска го реактивираше предлог- планот за решение на спорот во фази - двете земји да се договорат за име со географска одредница, кое ќе го замени Поранешна Југословенска Република Македонија во сите меѓународни организации.

Истовремено, според ЕСИ, македонската Влада би се обврзала на уставни измени, кои би значеле дека штом Македонија влезе во ЕУ, новото договорено име на земјата би било за севкупна надворешна употреба, со исклучок за внатрешна употреба.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG