Линкови за пристапност

Американска амбасада: САД го поддржуват процесот за решавање на спорот за името


Американска амбасада: САД го поддржуват процесот за решавање на спорот за името
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:01 0:00

Имало ли и кои се клучните пречки при разговорот со Ципрас, премиерот утре ќе пренесе пред шефот на државата и политичките лидери

Координација на највисоко државно-партиско ниво - утре, по неколкугодишна пауза, ќе се одржат консулатции за прашањето за името.

Потврдено е дека на иста маса ќе седнат шефот на државата, премиерот, министерот за надворешни работи, како и лидерите на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ.

Главна точка ќе биде предлог-рамката што минатата седмица ја предложи Метју Нимиц.

Но, истовремено се очекува дека Заев, пред Иванов, Ахмети и Мицкоски ќе информира за текот на средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас и позициите на официјална Атина, за предложеното од медијаторот, како за процесот и во која насока би се движеле разговорите.

Засега, не се прецизраат детали од разговорите во Давос, освен она што беше јавно соопштено - намерата за преименување на аеродромот и автопатот, а за возврат согласност Македонија да напредува во втората фаза од спогодбата за стабилизација и асоцијација.

Имало ли и кои се клучните пречки, премиерот утре ќе пренесе пред шефот на државата и политичките лидери.

Паралелно со интензивирањето на процесот, меѓународната заедница праќа јасни сигнали дека сега е шансата за конечно решение.

На прашањето на „Гласот на Америка“ кој е ставот за средбата Заев - Ципрас, од Американсата амбасада соопштија дека „САД силно го поддржуваат процесот во ОН за решавање на долготрајниот спор меѓу Македонија и Грција. Ги повикуваме двете земји да се вклучат и заедно да соработуваат за градење доверба која може да доведе до взаемно прифатливо решение“.

Консултации се одржуваат и во Атина. Ципрас се среќава со шефот на државата, со коалициските партнери, но, и со лидерите на опозицијата, за да пренесе кои се новите моменти во прашањето со името.

Координациите на највисоко ниво, и во Македонија и во Грција, се толкуваат како јасен сигнал дека има придвижување во пресрет на посетата на Нимиц на регионот кој од понеделник е во Атина, а во среда веќе доаѓа во Скопје.

Не се исклучува можноста, медијаторот, врз основа на она што ќе го слушне во двете престолнини да се фокусира на поконкретни елементи од неговиот предлог на идеи, кој неофицијално содржи пет предлог-имиња.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG