Линкови за пристапност

Помпео: Договорот од Преспа ќе го зајакне Балканот од руското влијание


Помпео: Договорот од Преспа ќе го зајакне Балканот од руското влијание
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00

Изјави американскиот државен секретар по средбата со алтернативниот грчки министер за надворешни работи Јоргос Катругалос

„Јасна поддршка и порака на Вашингтон дека Договорот од Преспа треба да се финализира во двете земји“, така во Скопје се толкува изјавата на американскиот државен секретар Мајк Помпео, дадена по средбата со алтернативниот грчки министер за надворешни работи Јоргос Катругалос, во која Помпео зачленувањето на Македонија во евроатлантските организации директно го поврза со зајакнување на регионот наспроти руското влијание.

„Во јуни Грција го потпиша Договорот од Преспа што ќе има позитивни економски ефекти и ќа ја отвори Грција како влез кон Балканот. И честитаме на грчката Влада за нејзината работа за постигнување на овој договор што и ќе овозможи на соседната земја да се приклучи на НАТО и на ЕУ како Република Северна Македонија и со тоа ќе го зајакне Балканот наспроти малигното влијание на Русија“, изјави Помпео.

Токму за значењето на Договорот од Преспа и зачленувањето на Македонија во НАТО, во вторник во Скопје ќе зборува Џон Саливен, заменикот на Помпео, што претставува прва ваква посета на толку висок претставник на Стејт депарментот на државата, по долги години пауза.

Извесно е дека Саливан ќе испорача силна поддршка на процесот за уставни измени. Денеска и Британија, една од најважните членки на НАТО, побара финиширање на Договорот за името.

„Преспанскиот договор е историски договор кој и овозможува на Македонија да продолжи со стратешките цели. Важно е процесот да се комплетира со јасен фокус на испорачување на несомнениот избор на граѓаните на земјата, а тоа е да се биде дел од евроатлантската заедница“, изјави Рејчел Галовеј, амбасадорка на Велика Британија во Македонија.

Премиерот Зоран Заев е уверен дека ќе добие двотретинска поддршка од пратениците за уставните амандамни, и дека процесот ќе се заокружи околу средината на јануари.

Заев смета дека и Грција ќе го исполни нејзиниот дел од спогодбата.

„Договорот е добар за двете земји, за двата народа. Верувам дека бенефитите ќе се видат во следните месеци од неговата имплементација. Јас сум убеден дека довербата што ја имам во Алексис Ципрас ќе биде имплементирана во Парламентот, како што јас се трудам довербата што Ципрас ја има во мене и кон македонската Влада да биде имплементирана во Собранието“, рече Заев.

Проблем за Владата на Ципрас, покрај тенкото мнзоинство во Парламентот, е и слабата поддршка на грчката јавност за Договорот за името.

Според последните истражувања седум од десет Грци негативно го оценуваат Преспанскиот договор.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG