Линкови за пристапност

Дипломатите со позитивен став за средбата Заев - Ципрас


Дипломатите со позитивен став за средбата Заев - Ципрас
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:33 0:00

И опозицијата ја поздрави средбата меѓу двајцата премиери, но, истовремено и прашува што се разговоарало на неколучасовниот состанок

Дипломатите во Скопје првата средба Зaев -Ципрас ја сметаат за добра вест. Амбасадорот на Европската унија во Скопје Самуел Жбогар денеска ја потврди оценката на еврокомесарот Јоханес Хан, дека само со дијалог може да се решаваат проблемите и отворените прашања.

„Изминативе месеци двете Влади воспоставија интензивен дијалог, се` со цел да можат да креираат атмосфера, која ќе придонесе за наоѓање на решение. Изгледа дека со вчерашната средба двајцата премиери воспоставија темел за подобро разбирање, што ќе биде добро не само за двете земји, туку и за целиот регион и за цела Европа“, рече Жбогар.

За амбасадорот на Бугарија, која е актуелен претседавач со ЕУ, вчерашниот состанок во Давос, е позитивен сигнал.

„Слушнавме охрабрувачка порака што ги зголеми надежите за решавање на спорот со името“, порача Иван Великов Петков, според кого, Македонија има историска шанса да ги почне преговорите со ЕУ оваа година.

Опозицијата ја поздрави средбата меѓу двајцата премиери, но, истовремено и прашува за што се разговоарало на неколучасовниот состанок.

„Не знаеме дали најавите на Зоран Заев за преименување на аеродромот и автопатот се дел од некоја поширока стратегија, за која што јавноста не е информирана, или пак станува збор за едностран чекор на актуелната Влада на Република Македонија. Доколку е во прашање некаква стратегија, граѓаните очекуваат да бидат информирани за придобивките, а доколку станува збор за второто, легитимна е загриженоста дека земјава прави еднострани отстапки, а не добива ништо“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата од албанскиот блок вели дека е за решение кое би било прифатливоза двете страни.

„Ги поддржуваме разговорите за името, како спорно прашање меѓу двете земји, што поскоро да се реши, и спремни сме како БЕСА да дадеме придонес да се дојде до решение прифатливо за двете држави и за граѓаните“, изјави Фадил Зендели од БЕСА.

И за македонските и за грчките медиуми, централна вест е средбата Заев - Ципрас, која резултираше со отстапки од двете страни: од едната преименување на аеродромот и автопатот, а од другата делумно деблокирање на евроинтегарциите и овозможување на втората фаза од импменетацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и отвoрање можност за членство на земјава во Јадранско-јонската иницијатива за соработка.

Во атмосфера на порелаксирани односи, Метју Нимиц наредната седмица доаѓа во регионот. Во вторник е во Атина, а веќе в четврток ќе се сретне со државно-владиниот врв во Скопје.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG