Линкови за пристапност

Бејли: Добро е што Македонија има разговори со Грција


Бејли: Добро е што Македонија има разговори со Грција
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:01 0:00

САД ќе поддржат взаемно прифатливо решение за ова прашање

Да се забрза НАТО и ЕУ процесот за Македонија - се погласни се информациите дека Брисел, по смената на власта, треба нешто да испорача за земјата, која повеќе години стои во место.

Еден од клучните аспекти во целото прашање, покрај потребата од итна примена на реформите, наведени во извештајот на Прибе, е однесувањето на Грција, поради отвореното прашање за името.

Токму за тоа денеска телефонски разговарале премиерите на двете земји.

Од кабинетот на Алексис Ципрас кусо соопштуваат дека со Зоран Заев зборувале за развојот на настаните во регионот, натамошниот развој на билатералните односи и за промовирањето мерки за градење доверба.

„Грчкиот премиер ги потенцираше постоечките позиции за името“, стои во соопштението.

Тие позиции од 2008-та година се дека без решение на спорот, Македонија не може да напредува кон членство во НАТО и во ЕУ

Оттука, дали во оваа ситуација, по долгата и сериозна криза, со потенцијал за последици врз регионот, може Македонија да стане членка на Алијансата под привременото име.

Ова беше прашањето упатено до Џес Бејли, амбасадор на САД, највлијателната земја-членка во НАТО.

„САД секогаш го поддржуваа она што беше наведено во коминикето од Самитот на НАТО во Букурешт, а тоа е дека ќе поддржуваме взаемно прифатливо решение за прашањето. Затоа нема да кажам какво треба да биде тоа решение. Сметаме дека е добро што Македонија има разговори со Грција, и со други земји од соседството, што може да донесе само добро. Нема да кажам што би бил исходот од тие разговори, тоа треба страните да го кажат. Можам да речам дека САД силно ја поддржуваат аспирацијата на Македонија за членство во НАТО и во ЕУ, и се радуваме за исполнување на таа цел зад која стојат 75 проценти од граѓаните“, изјави Бејли.

За посериозен пробив за прашањето за името, според проценките на дипломатите во Скопје, прво треба да има одредено релаксирање во односите меѓу двете земји.

Очекувањата се дека таков чин може да биде претстојната посета на шефот на дипломатијата Никола Димитров на Атина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG