Линкови за пристапност

Нов план 18 за да нема застој во реформите


Нов план 18 за да нема застој во реформите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:21 0:00

Нашиот адут не е само затворање на политичките теми и спорови, туку суштинската реформа на системот, рече Османи

Планот 3-6-9 заминува за да го наследи „18“ - една година од првиот реформски план, Владата најавува нов сет мерки кои треба да продолжат онаму каде претходните завршија.

Невладините и опозицијата денеска имаа можност да ја слушнат целта на новиот план кој, според вицепремиерот за евроинтеграции, треба да го опфати периодот до наредниот извештај на Европската комисија.

„Планот 18 и натаму ќе се фокусира на основните столбови на 3-6-9, каде освен правосудството се опфатени и реформите во јавната администрација и безбедносните служби, но, ќе биде насочен и на борбата против корупцијата и организиран криминал“, изјави Бујар Османи, вицепремиер за евроинтеграции, и додаде:

„Овој месец е најважен и ќе ја одреди судбината на дражвата во овој правец. Вчера, завчера и денес, во Брисел се драфтуваат предлог-заклучоците, кои треба да се донесат на јунскиот самит на ЕУ. Затоа бевме таму за да покажеме дека нашиот адут не е само затворање на политичките теми и спорови, туку суштинската реформа на системот“, рече тој.

Пораките на поддршка, што Османи ги слушнал од шефовите на Европската комисија во Брисел, како и можноста за старт на преговори, сепак пред се` зависат од клучното прашање за името.

„Наредните часови ќе бидат клучни за решавање на исходот од преговорите меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот околу името, но, прерано е да се каже каков ќе биде исходот. Сметам дека ова се последните метри на еден 25 годишен маратон. Обично последните метри се најкритични, кои можат да го утврдат исходот во позитивна или негативна насока“, изјави Османи, нагласувајќи дека „тоа што можам да го кажам е дека и кај двете страни постои волја за затворање на спорот, има активен ангажман на сите нивоа во двете Влади. Мое чувство е дека разликите се повеќе во интерпретацијата на напишаното, отколку во генералните принципи што ги искажуваат страните во разговорите“.

По Вашингтон и Брисел, преку својот амбасадор, прати порака вистински да се искористи потенцијалниот финиш на процесот.

„Мислам дека двете страни ќе може да изнајдат решение, кое што освен за двете држави ќе биде добро за целиот Регион и цела Европа. За тоа да се случи ние мора да имаме трпение и доверба дека тоа ќе се случи“, порача евроамабасадорот Самуел Жбогар.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG