Линкови за пристапност

Започна седницата за интерпелација на Владата


Во Собранието почна 42 седница на која ќе се гласа за недоверба на Владата. Гласањето доаѓа откако 41 пратеник од опозицијата се потпишаа на барањето кое во неделата го доставија со собранискиот спикер Талат Џафери.

Седницата почна со излагање на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев кој ги образложуваше ги наводите во барањето и потенцираше дека има назадување во секое поле, дека политичкиот систем е деградиран и кршењето на уставот е секојдневие а во излагањето ја нарече Владата на Заев за најнеспособна и најкриминална во историјата на Македонија.

На ова му реплицираше координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, кој рече дека интерпелацијата е големо разочарување и преставува очаен обид да се најде оправдување ВМРО-ДПМНЕ да се вратат во Собранието.

Седницата продолжи со меѓусебни обвинувања и реплики на пратениците од мнозинството и опозицијата.

Според собранискиот Деловник седницата мора да заврши на полноќ. Право на обраќање има и премиерот Зоран Заев а за да се изгласа недоверба на Владата потребни се гласовите на 61 пратеник.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG