Линкови за пристапност

Демократијата во Македонија под засилен мониторинг во 2018-та


Македонија - држава да се набљудува во 2018-та година
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:28 0:00

Извештајот на „Фридом хаус“ треба да биде аларм за сите влади, оти открива што навистина се случува во светот, велат набљудувачите

Новата избрана, етнички инклузивна Влада на Македонија, настојува да ги искорени корупцијата и другите системски злоупотреби, направени во време на претходната власт. Постои можност да го реши и спорот за името со Грција, се вели во најновиот извештај на „Фридом хаус“, за слободата во светот во 2018-та година.

Според овој извештај, Македонија се наоѓа во група на земји кои треба да се набљудуваат во 2018-та година.

Заедно со неа, во оваа група се наоѓаат и САД. За новинарите и набљудувачите оваа ситуација е интересна од повеќе аспекти.

„Интересно е да се види дека и САД и Македонија се наоѓаат во иста група, иако не е лесно да се споредат големи демократии, како што се САД, и Македонија, која поминува низ нов политички процес. Но, најинтересниот дел во ова е што додека САД бележат назадување на демократскиот процес, во Македонија се гледа потенцијално нов напредок“, вели Антонела Шанчо од Националниот клуб на новинари во Вашингтон.

Држави кои треба да се набљудуваат значи зголемен мониторинг на демократската дебата во нив, вели таа.

„Светот гледа. Секоја минута има коментари на социјалните медиуми, и се` е достапно за истрага и проверка. Очекувам глобален мониторниг во Македонија“, изјави Шанчо.

Марк Берендт, надлежен за евроазиските програми во „Фридом хаус“ вели дека годишниов извештај бележи најсериозно назадување на демократијата и во развиените држави, и во демократиите кои се соочувале со проблеми во минатото.

„Гледаме назадување во САД, во Источна и во Западна Европа, како и во регионот на поранешниот Советски сојуз“, објаснува Берендт.

Рикардо Гонзалез од Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон вели дека извештајот треба да биде аларм за сите влади, оти открива што навистина се случува во светот.

Забелешките во извештајот укажуваат на време на сериозни предизвици и закани за слободата на печатот, вклучувајќи физички напади врз новинарите.

„Станува многу тешка средина за работа на новинарите кои сакаат да ги држат владите одговорни“, вели Шенон Грин – Иницијатива за човекови права.

Според извештајот, ова е 12- та година по ред на опаѓање на глобалната слобода, односно од 195 држави, 88 се слободни, 58 се делумно слободни, додека 49 не се слободни. Македонија е забележана како делумно слободна земја.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG