Линкови за пристапност

Владата побара поддршка, опозицијата понуди критика


Владата побара поддршка, опозицијата понуди критика
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:14 0:00

По месец и половина од преземањето на власта, во Собранието се дебатираше за сработеното во делот на надворешната политика

Oдносите со Грција, иницијативата за надминување на отворените прашања со Бугарија, ЕУ и НАТО-процесот, планот 3-6-9 кој, според најавеното, треба да резултира со старт на преговори за членство – беа предмет на дискусија во Собранието. Премиерот Зоран Заев, „тазе“ вратен од Трст, пред пратениците и дипломатскиот кор уверуваше дека пораките од Самитот Унија-Западен Балкан биле позитивни.

„Имаме вистинска шанса Македонија конечно да ја извлечеме од кризата и еден по еден проблемите да ги затвораме. Ова е момент на позитивна клима и развој на настани што допре и до Брисел. Ова беше гласно потврдено и на Самитот во Трст, а лидерите на ЕУ и дадоа силна поддршка на РМ. Да не го испуштиме овој момент“, рече Заев.

Шефот на владата вели дека се` што се презема, сите реформи, се за систематско решавање на проблемите од кои зависи европската иднина на Македонија. Порача дека не бара опозицијата се` да прифати, но сепак да биде конструктивна и да дава идеи. Токму, во овој дел, паднаа забелешките од парламентарното малцинство – дека новата влада само декларативно повикувала на инклузивност. Како пример дека нема транспарентност во новата дипломатија, ВМРО-ДПМНЕ го посочи предлог-договорот со Бугарија за чиј текст Скопје и Софија постигнаа начелна согласност.

„Низ какви се не процедури во Собранието побаравме увид во нацрт-договор со Бугарија, ама не го добивме“. 06.02 „Се прават обиди за подобрување на односите со Грција и тоа е добро. Ние побаравме консултации во однос на новите идеи за пристапот на владата кон ова прашање, но и тука нема никаква инклузивност“, рече пратеникот Илија Димовски, од ВМРО-ДПМНЕ.

Критиките на опозицијата се дека се нуди „обланда на власта“, а дека на површина се појавуваат првични симптоми дека се излегува од ветената траекторија.

За многумина ова е показател дека за Владата завршува романтичарската фаза, кога се ветуваше, во реална етапа, кога треба да се решаваат проблеми.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG