Линкови за пристапност

Случаите на грип во Македонија по нагорна линија


Два и пол пати повеќе заболени во првата недела од годинава, за разлика од лани.

Два и пол пати повеќе заболени од грип во првата недела од годинава, за разлика од лани.

Институтот за јавно здравје регистрирал 366 случаи на грип во земјата, додека ова бројка до 7-ми јануари лани била 143. Сепак, епидемиолозите наведуваат дека ова не е целосна бројка, бидејќи ова се податоци од 13 од вкупно 31 центар за јавно здравје во земјата, а и не сите заболени бараат помош од лекар. Во бројката влегуваат и шестте случаи на заболени со грипот А Х1Н1, познат како свински грип.

„Од почетокот на сезоната 2013/2014-та, во оваа лабораторија се пристигнати вкупно 26 хумани материјали од здравствените установи - од амбулантски и болнички лекувани пациенти, од кои 6 или 23,1 отсто биле позитивни на вирусот на инфлуенца А/Х1“, вели Голубинка Бошевска, микробиолог во Институтот за јавно здравје.

Најмногу заболени има во Куманово, Тетово и Скопје, а вкупната бројка на заболени од грип сезонава е 1.343 граѓани и е речиси двојно повеќе од минатата година. Најголем дел од заболените се на возраст од 15 до 64 години. Досега нема регистрирано смртни случаи поради компликации од грип. Здравствените лица очекуваат грипот да достигне врв околу средината на овој месец и почетокот на февруари, но можно е да трае и до март. Сепак, епидемиолозите предупредуваат дека вирусот на грип е еден од најнепредвидливите од повеќе аспекти: кога ќе го достигне врвот, кој тип ќе преовладува, како и дали ќе има многу тешки или смртни случаи.
XS
SM
MD
LG