Линкови за пристапност

Се чисти по поплавите, граѓаните стравуваат од ново невреме


Се чисти по поплавите, граѓаните стравуваат од ново невреме
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Се чисти по поплавите, граѓаните стравуваат од ново невреме

Жителите се обидуваат да ги расчистат домовите и дворовите, затрупани во кал по водената стихија, но состојбата се ` уште не е нормализирана

Помина уште една непреспиена ноќ во скопските населби Стајковци, Ченто, Арачиново, Сингелиќ и Инџиково, кои беа најпогодени во саботните катастрофални поплави.

Жителите се обидуваат да ги расчистат домовите и дворовите, затрупани во калта што зад себе ја остави водената стихија. Сликата се` уште е страотна.

Станува збор за 5.000 семејства, во 12 населени места. Ситуацијата во некои од нив се` уште е далеку од нормализирана.

Обиколницата во Скопје е отврена за сообраќај, електричната мрежа се вклучува, мобилната телефонија почна да функционира, а на терен се забележува раздвиженост на механизација и на екипи на надлежните агенции и на Армијата.

Во целиот хаос, прав и кал се слуша за семејни трагедии, се трага по исчезнатите, но, се зборува и за примери на храброст и среќа, како оној кога беа извлечени мајка и ќерка, после четири дена во кал.

„Се соблеков и влегов во вода, со едната рака го фатив детето, го ставив на врат, со другата рака ја земав жената“, вели жител.

Штетите се огромни, некои загубиле се` што печалеле со години.

„ Во куќата веќе не се живее. Буквално ништо не можевме да спасиме. Татко ми работел и создавал, ама прoпадна се`“, објаснува една жителка.

Ниту природната катастрофа не успеа да ги намали политичките и партиските разлики. Граѓаните се жалат на селективност во давањето помош бидејќи некои ја добивале, некои не.

„Во моментот е како што гледате. Никој не дојде да ни помогне, реагиравме, но никој не дојде. Чекаме некој да ни помогне“, се жалат погодените семејства.

Во изминатите денови надлежните институции, и оние кои требаше да предупредат на невремето, како што е Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), како и Дирекцијата за заштита и спасување, најмалку сакаат да зборуваат за одговорност за катастрофата.

„Никој неможеше да претпостави дека ќе се случи толку голема поплава. Дирекцијата секогаш успешно се справувала со поплавите, но ние не можеме да ги спречиме дождовите“, изјави Шабан Салиу, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Додека жителите се обидуваат да го спасат она што може да се спаси и животите да ги вратат во нормала, метеоролозите најавуваат ново невреме, со уште посилни ветришта.

XS
SM
MD
LG