Линкови за пристапност

„Дедо и внук“ - втор филм во Охрид


„Дедо и внук“ - втор филм во Охрид
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:38 0:00

Филмот, кој се снимаше повеќе од еден месец, предвидено е да има домашна и меѓународна промоција, на почетокот на 2018-та година

Заврши снимањето на најновиот македонски игран филм „Дедо и внук“, чиј автор е младиот охриѓанец Илија Пиперкоски. Филмот се снимаше на различни локации во стариот дел на градот Охрид.

„Уште пред да се запишам на Филмска академија, и кога бев на студии, животна желба ми беше да снимам филм дома. „Дедо и внук“ е приказна за дедото, кој цел живот живее во Охрид, и работи како клисар, чувајќи ја црквата кај населбата Канео. Внукот, пак, живее во Скопје, но, по една турбулентна ноќ, откако умира еден пациент, животот му се менува и е принуден да дојде кај неговиот дедо, и да му побара совет за тоа што да прави понатаму во животот“, вели Пиперкоски.

Една од главните улоги во филмот ја толкува актерот Селаетин Билал.

„Приказната е многу современа и семејна, со сите нејзини убавини и проблеми, кои ги има денешниот живот. Очекуваме дека ќе биде еден од многуте добри филмови, кој ќе ја привлече публиката“, вели Билал

Филмот, кој се снимаше повеќе од еден месец, предвидено е да има домашна и меѓународна промоција, на почетокот на 2018-та година.

„Ако го завршиме филмот со пост-продукција до крајот на годината, првиот голем фестивал кој што следи е во Берлин, и можеби таму ќе ни биде среќата. Локалната премиера ќе ја почнеме во Охрид. Правиме и една мини разгледница за Охрид, со која градот го прикажуваме со целосната типична и автентична архитектура“, вели продуцентот Огнен Антов.

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, кој беше на снимањето на една од сцените, очекува дека фимот ќе помогне во туристичка промоција на Охрид.

„Се создава една одлична можност за промоција и афирмација на Охрид, насекаде каде овој филм ќе биде прикажуван и гледан“, вели Бакрачески.

Досега, ова е втор филм, кој целосно е снимен во Охрид, по филмот „Мирно лето“ во далечната 1961-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG