Линкови за пристапност

Брисел бара од Македонија фокус на реформите и добрососедството


Брисел бара од Македонија фокус на реформите и добрососедството
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:33 0:00

Ова беше порачано на 13-от состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ.

Европската администрација гледа нов старт и оптимизам во Македонија и затоа очекува соодветно насочување на таа енергија.

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини кажа:

„Денеска разговаравме за ситуацијата и за тоа како да се напредува и во смисла на реформите и добрососедските односи со акцент на обезбедување добри меѓуетнички односи во земјата, целосна вклученост на конструктивна опозиција и консултации со граѓанскиот сектор. Добри чекори се презедоа, особено во делот на односи со соседите, знам дека во Скопје се презентира договорот со Бугарија, чекор што го поздравивме. Јасно е дека новата влада има подготвеност за активно ангажирање во однос на заостанатите реформи и има реална можност за напредок на земјата на ЕУ интеграцискиот пат“, изјави Могерини.

Вицепремиер за евроинтеграции, Бујар Османи кажа дека „Државата ги прифаќа сите препораки на ЕК за реформите, дека земјата е подготвена да испорача и дека тие реформи ќе се водат на инклузивен начин“.

Европската комисија е подготвена да помогне – конкретно преку тимот на Прибе кој пак е во Македонија за да асистира во делот на владеење на правото. Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан не ја исклучи можноста од објавување посебен извештај за земјата пред Нова година:

„Ако работите се созреани, ќе излеземе со посебен извештај пред април, но нештата треба да бидат добри подготвени во земјата преку работа на реформа и на акцискиот план“.

Експертите гледаат јасна подготвеност на Брисел да ја врати земјата на патот на евроинтеграциите. Aндреја Стојковски од „Евротинк“ со став: „Мислам дека денешните пораки се потврда дека овој состав на ЕК сама Македонија да биде наредната успешна приказна“.

Паралелно со договорот со Бугарија, се одвива и процесот со Грција – шефот на дипломатијата во одговор на прашање на грчки новинар, уверуваше дека во Скопје има подготвеност за решавање на прашањето.

„Кога велите ФИРОМ, тоа се однесува на мојата земја онолку колку што има Клингон, планета од серијалот „Ѕвездени патеки“. Ова е како шаховска игра и не може однапред да ги кажеме нашите потези. Сакаме да ја решиме оваа долготрајна пречка. Веруваме дека ќорсокакот и блокадата на Р. Македонија не создаде попозитивна атмосфера за наоѓање решение за кое сметаме дека не е можно ако има победници и губитници,“ рече министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров.

Тој не се видел со посредникот Нимиц кој вчера во Брисел се сретна со грчкиот министер Коѕиас. Двете страни засега се воздржани за тоа што може да донесе процесот чие динамизирање, како што дознаваме, се најавува од септември, кога не се исклучува можноста медијаторот да одржи уште една серија одвоени средби со македонските и грчките претставници на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG