Линкови за пристапност

Цел за Македонија - датум за преговори за ЕУ во јуни


Цел за Македонија - датум за преговори за ЕУ во јуни
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:18 0:00

Правиме се` што може во јуни да има заедничка одлука, и да ја убедиме и Грција да биде дел од тој консезус, рече министерот за надворешни работи Димитров

Стратегијата за проширување кон Западниот Балкан доби поддршка од шефовите на европските дипломатии на неформалниот состанок во Софија, на кој присуствуваа и земјите од регионот.

Утврдено е дека државите од Балканот имаат перспектива за членство во Унијата, но, само ако ги исполнат неопходните услови.

Сепак, дел од министрите биле скептични во однос на можноста нови членки да бидат примени до 2025 година - опција оставена отворена во стратегијата.

На среден рок, цел за Македонија е во јуни годинава, до крајот на бугарското претседавање со Унијата, да добие датум за почеток на преговори.

„Правиме се` што може во јуни да има заедничка одлука. Правиме се` што можеме да ја убедиме и Грција да биде дел од тој консезус за Македонија во јуни. Тоа ќе биде добро за нас, за нашите соседи, за Балканот и за Европа“, изјави министерот за надворешни работи Никола Димтров.

Шефовите на европските дипломатии не го отвориле прашањето за името. Тоа им го оставиле на Димитров и на Коѕијас, кои на маргините на Самитот дискутирале неколкупати.

„Дијалогот меѓу Скопје и Атина е охрабрувачки. Го следиме и го поддржуваме процесот. Позитивни се чекорите што двете страни ги презедоа, и тие се охрабрувачки за иднината. Сега имаме добра шанса“, изјави Федерика Могерини, висока претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ.

Екатерина Захариева, претседавач со ЕУ вели дека се чувствува охрабрено оти наскоро ова прашање може да биде надминато.

„Да, јас сум реалист дека двете влади ќе најдат решение, што ќе ги поттикне преспективите за членство во НАТО и ЕУ“, рече Захариева.

Паралелно со пораките испратени од Софија, бугарското раководство денеска и од Скопје, порача дека Македонија треба максимално да го искористи нејзиното претседавање со Унијата.

„Бугарското претседавање со ЕУ дава историска шанса на сите земји од регионот за европска перспектива. Бугарија секогаш била еден од најсилните поддржувачи на приемот на Македонија во ЕУ и НАТО“, изјави Румен Радев, претседател на Бугарија.

Ѓорге Иванов, претседател на Македонија изјави дека „реални се можностите во време на бугарското претседавање со ЕУ, Македонија да добие датум за почеток на преговорите“.

Ако јуни е целта за добивање датум, Македонија нема уште многу време, како од аспект на завршување на внатрешните реформи, така и од апсект на решавање на прашањето за името.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG