Линкови за пристапност

Наша цел е преговорите да почнат додека сме претседавачи со Советот на ЕУ, рече шефот на германската дипломатија Мас


Шефот на германската дипломатија Хајко Мас за односите Скопје-Софија
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:48 0:00

Ова прашање има врска со довербата во ЕУ, и ќе биде решавачко во наредните денови да се најде решение, нагласи тој

Речиси е извесно дека на утрешниот министерски состанок, Бугарија нема да се согласи земјава да почне преговори за членство со Европската Унија.

Но, таквите сигнали и јавни пораки од Софија не ги обесхрабруваат дипломатите во Брисел и во клучните земји-членки, да бараат можно решение во наредниот период.

Тоа вечерва го соопшти и шефот на германската дипломатија Хајко Мас, на настан во Берлин на кој на македонскиот премиер Зоран Заев, Фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели наградата за човекови права за 2020 година.

„Во март Советот на ЕУ конечно даде зелено светло за почеток на пристапни преговори на Северна Македонија со ЕУ. Важен камен-темелник на овој, за нас важен чекор, покрај Преспанскиот, беше и Договорот за добрососедство со Бугарија. Сите знаеме дека во моментот се водат интензивни преговори, и првата меѓувладина конференција сакавме да се одржи за време на нашето претседателство со Советот на ЕУ. Ние и понатаму напорно ќе работиме со вас, како во изминатите денови, бидејќи тоа е нашата цел – во нашиот мандат како претседавачи да почнат преговорите. Ја следиме оваа цел за одржување на меѓувладината конференција оваа година. Ова прашање има врска со довербата во ЕУ и решавачко ќе биде во наредните денови да се најде решение за ова прашање за кое се` уште нема договор. Ние сме сериозни во намерата да ги реализираме овие цели“, рече Мас.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG