100-тина припадници на етнички-албанската заедница денес излегоа на протести во Скопје, но беа спречени од полицијата да стигнат до зградата на Владата - нивната дестинација каде планираа да протестираат против, како што велат, насилството врз етничките Албанци.
Групата беше разбиена од полицијата на подвозникот кај стоковната куќа Мост. Демонстрантите фрлаа со камења, при што беше направена материјална штета. Скршени се стакла на автобуски станици, билборди со изборни плакати на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, како и прозорци на некои од блиските дуќани. Во текот на акцијата на полицијата за разбивање на протестот немаше повредени.
По растерувањето на групата демонстранти, во центарот на градот беше забележливо зголемено присуство на полицијата.
Инаку, по најавите за протести на социјалните мрежи на Интернет во текот на изминатите денови, полицијата привела 10-тина лица вмешани во минатонеделните протести во Скопје, кога беше направена поголема материјална штета а имаше и повредени.
„Полицијата ќе продолжи да ги приведува сите лица за кои има сознанија дека учествуваа во минатонеделните насилства“, изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски.
Без разлика што не се формално најавени никакви протести, врз основа на оперативните сознанија и информации, полицијата ќе ги преземе сите неопходни мерки, а против сите кои би предизвикувале или би учествувале во какви било инциденти ќе следуваат најостри санкции, соопшти МВР.
Полицијата презеде мерки уште во изминатите денови, кога на Интернет се појавија групи кои повикуваа на нови протести за денеска, поради, како што беше напишано, "антиалбанската политика" на земјата и "тортура и напади врз Албанците", извршени од страна на етнички македонското мнозинство.
Во изминатите денови беа забележани и повеќе изолирани инциденти и акти на насилство против малолетници, како од етнички албанската, така и од етнички македонската заедница.
По минатонеделните немири во Скопје, институциите повикаа на смиреност а претставниците на ЕУ и САД изразија загриженост поради растењето на меѓуетничката напнатост.
Немирите започнаа кога група на етнички Македонци, по протестот за именувањето на Талат Џафери на функцијата министер за одбрана, физички нападнаа група на млади етнички Албанци. Ден потоа, како реакција на овие случувања во саботата, околу 1.000 припадници на етнички албанската заедница излегоа на протести, што потоа добија насилен карактер.