Линкови за пристапност

Џозеф: Во случаи на тесни избори, детално пребројување на гласовите


Џозеф: Во случаи на тесни избори, детално пребројување на гласовите
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:47 0:00

Извршниот директор на Институтот за светски прашања сугерира дека во ваква ситуацијата, каква што е во Македонија, тоа помага за верификување на резултатот

Резултатот е изненадување - за сите, со оглед дека анкетите пред изборите беа во корист за големо водство на владејачката ВМРО-ДМПНЕ, а опозицијата мина извонредно.

„СДСМ ги оспорува резултатите, и било кој избори кој се вака тесни во едно демократско општество би биле преброени. Затоа се` уште е нејасно кој ќе ја формира владата“, коментира овој професор на Школата за меѓународни студии при Универзитот Џонс Хопкинс.

Македонија долго време е во криза и прашањето е дали изборите значат излез. Можат да бидат, но под еден услов.

„Резултатот од изборите треба да е легитимен, и целосно и темелно верификуван. Во вака тесни избори, во било која демократија, важно да уследи детално пребројување на секој глас. Таков случај имавме со изборите во САД, кога Хилари Клинтон побара пребројување на гласовите во неколку сојузни држави“, потсетува Џозеф.

Запрашан дали граѓанскиот концепт добива на силина во Македонија, Џозеф коментира:

„Интересно на овие избори во Македонија е што многу албански гласачи гласаа за СДСМ, за политичка партија на етнички Македонци. Значајно е што албански граѓани гледаат подобра можност за остварување на нивните интереси преку македонска, а не преку албанска политичка партија. СДСМ ја доби нивната доверба на граѓанска карта, а не на етничка“, наведува Џозеф.

Тој не ја исклучува можноста за влада на широка коалиција иако признава дека не е лесен предизвик.

„Кога има вакви тесни избори, независно од конечниот исход, за земја која излегува од длабока криза, во многу демократски општества има тренд да се формира влада на широка коалиција. Но, тоа најмногу зависи од партиите, нивните лидери и распределбата на ресорите“, истакна Џозеф.

Според овој аналитичар и познавач на Балканот, треба да се очекува тежок и мачен преговарачки процес за формирање влада во Македонија.

XS
SM
MD
LG