Линкови за пристапност

Стејт департментот го поздравува почитувањето на фундаменталните слободи за време на изборите


На прашање на Гласот на Америка на македонски за коментар по гласањето во неделата, портпаролот Џон Кирби изјави:

„Ги поздравуваме граѓаните на Македонија кои го остварија правото и гласаа на парламентарните избори на 11-ти декември. Исто така го поздравуваме прелиминарниот заклучок на ОБСЕ/ОДИХР дека изборите биле конкурентни и дека фундаменталните слободи генерално биле почитувани. Излезноста беше голема, а изборите поминаа мирно без нарушување на редот, со неколку случаи на процедурални нерегуларности.

Ја повторуваме загриженоста на овие две организации за административните подготовки на изборите и ја повикуваме идната влада да продолжи со ангажманите за создавање капацитет во рамки на Државната изборна комисија и да ги разреши структурните и легални прашања со регистрираните гласачи.

Веруваме дека овие избори се важен прв чекор за извлекување на Македонија надвор од политичката криза. Ги охрабруваме партиите кои ќе ја формираат новата влада да работат конструктивно со опозицијата и да ги спроведат реформите што би го интензивирале процесот на евро-атлатски интеграција, особено во поглед на владеењето на правото. САД остануваат партнер на Македонија во тие напори“, истакна Џон Кирби, портпарол на американскиот Стејт департмент на денешната прес-конференција за новинарите.

XS
SM
MD
LG