Линкови за пристапност

Џафери планира да го распушти Парламентот на 11 февруари, Заев очекува да не се попречи ратификацијата на Протоколот за НАТО


По распуштање на Парламентот, Џафери ќе распише предвремени избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00

Лидерот на опозицијата, пак, вели дека постои практика на свикување на распуштен парламент за итни прашања

11 февруари 2020 е терминот што спикерот Талат Џафери го планира за распуштање на Собранието. Тој, како што кажа на денешниот брифинг, се раководи од договорот меѓу лидерите за предвремени парламентарни избори на 12 април, и од Уставот кој нормира дека изборите се одржуваат во рок од 60 дена од распушањето на Парламентот.

Веднаш по распуштањето, Џафери ќе ги распише предвремените избори. Според него, по распуштањето ќе нема можност пак да се свика Собранието за да се ратификува Протоколот за членство во НАТО.

За тој чин, како што рече, ќе треба да се чека на новиот собраниски состав.

За ова прашање досега со мене не е разговарано, и ако има потреба тогаш да се побара средба за да се дискутира, рече Џафери.

Премиерот, кој потврди дека за ова прашање се разговарало на последната лидерска средба, очекува Џафери подоцна да го распушти Парламентот, за актуелниот собраниски состав да има шанси да го ратификува НАТО Протоколот.

„Претседателот Џафери е конечен во својата одлука кога и да реши да го распушти Собранието. Апелот на сите лидери кои бевме кај претседателот Пендаровски беше да го искористиме законскиот рок од 45 дена за да имаме секако резерва кога ќе го ратификуваат сите земји Протоколот, да не испадне да дојде до нашиот Парламент, а тој не може да го ратификува. Јас верувам дека навремено ќе стасаме со оваа работа. Државата се подготвува, ние со нашите институции, во случајов Парламентот, да не бидеме пречка“, изјави премиерот Зоран Заев.

Лидерот на опозицијата вели дека постои практика на свикување на распуштен парламент за итни прашања.

„Се очекува на почетокот на декември да се формира Парламентот во Шпанија. Имајќи предвид дека таа е последната држава која би го ратификувала Протоколот, и тој веднаш да дојде во нашиот Парламент, предвидовме рок втора половина од декември, прва од јануари. Но, доколку се распушти Парламентот, тој може пак да се собере. Тоа било пракса за итни и неодложни работи“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Очекувањата се дека наскоро, освен Шпанија, и преостанатите членки на НАТО - Франција и Холандија, ќе ги заокружат внатрешните процедури за ратификација на пристапниот Протокол на Северна Македонија како 30. членка на Алијансата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG