Линкови за пристапност

Зошто е добро коалицирањето?


Зошто е добро коалицирањето?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:49 0:00

Политичкиот консултант од Вашингтон Едвард Лутвак вели дека коалициите се ефикасни во системи со акумулирана корупција

Во Македонија никој не треба да биде исплашен од фактот што се прават коалиции пред изборите. Прашањето е дали тие можат да ја завршат работата, а тоа е да го исчистат системот, вели Едвард Лутвак, политички консултант во Вашингтон.

Единствена цел на коалициите, вели Лутвак, е да ја урнат партијата која долго време била на власт, за да овозможат бришење на ефектите од корупцијата.

„Ова може да се сфати како механизмот на пуштање вода во тоалет. На тој начин се ослободувате од сите нечистотии. Што значи, имате избори и вие треба да ги измиете нечистотиите. Можеби звучи вулгарно, но тоа е реалноста“, вели Лутвак.

Според него, коалициите се најмногу ефективни во системите во кои една владејачка партија акумулирала моќ и корупција долго време.

„Мора да се случуваат периодични промени. Кога една иста партија се избира повторно и повторно, дури и ако се работи за демократски ситстем, се создава можност за сериозна корупција“, вели тој.

Лутвак објаснува дека здружувањето на партиите е битно за морални промени во општеството.

„Би било многу добро ако тие останат заедно да делуваат по изборите. Но, може да бидат корисни и само ако го рестартираат системот“, рече Лутвак.

А ова треба да биде целта на новата влада, додаде Лутвак.

„Да ја испере долната облека на претходната влада. Перењето е многу важно за одржување на здравјето на демократијата. Ако треба веднаш потоа нека се распишат и нови избори“, смета тој.

Според него, коалицирањето со партиите од различни етничките групи може да донесе напредок за државата, не само во областа на унапредување на меѓуетничките односи туку и на други полиња од заеднички интерес, како здравството и економијата.

XS
SM
MD
LG