Линкови за пристапност

ОБСЕ/ОДИХР: Заинтересирани сме за целосен мониторинг на изборите во Македонија


Michael Georg Link - ODIHR director
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:12 0:00

Директорот на ОДИХР, Мајкл Георг Линк, за Гласот на Америка рече дека без оглед на датумот на изборите, организацијата се подготвува

„Знаеме дека во Македонија во тек се разговори за одредување на точниот датум за изборите и ние не се мешаме во политичките преговори на оваа тема. Тоа секако зависи од општеството, владата, опозицијата, од инволвираните страни. Меѓутоа, подготвени сме да вршиме мониторинг на изборите, без оглед дали тоа ќе се случи порано или подоцна. Она што за нас е мошне важно, е да се постигне договор за изборниот датум, без оглед на тоа кој точно датум ќе биде одреден. Ние сме информирани дека и ЕУ и Западот подготвуваат свои извештаи во врска со ова. Ние не сме дел од подготовката на тие извештаи, но секако чекаме да ја видиме нивната содржина. Онака како што ја разбирам ситуацијата, во документите се очекува да има информација за тоа дали изборите ќе се одржат порано или подоцна, но како независна страна, ние сме заинтересирани да имаме целосен мониторинг на овие избори и се подготвуваме за тој процес“, изјави првиот човек на ОДИХР за Гласот на Америка.

XS
SM
MD
LG