Линкови за пристапност

Сервер: Широка коалициона влада понекогаш функционира добро, но за некои е знак на слабост


Сервер: Влада на широка коалиција за некои е добра за некои е слабост
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:06 0:00

Сега кога е познат тесниот резултат од предвремените избори во Македонија, професорот од Универзитетот Џонс Хопкинс за следните чекори на победниците, но и на поразените

Најважно е што изборите беа спроведени според сите стандарди и имаше незначителни неправилности, вели аналитичарот Даниел Сервер, и додава дека сега останува на Македонија и нејзините политички лидери да формираат некој вид на влада:

“Во моментов не можам да кажам каков состав би била новата влада. Има бројни математички можности, но и политички можности. Останува да почекаме“, коментира овој познавач на состојбите на Балканот.

Двете владејачки партии треба да се запрашаат зошто не направиме подобро на изборите, а тоа важи и за Груевски и за Ахмети - коментира Сервер.

„Двете партии треба да минат период на само-анализирање, зошто доживеаја ваков слаб резултат, дали требаше да направат политички промени, да извршат промени меѓу лидерството. Тие работи се дел од слободно и демократско општество“, изјави овој аналитичар.

За важноста на албанските политички фактор во креирањето нова влада, Сервер вели:

„Албанците долго време се важен дел во формирање влада во Македонија, и зошто да не бидат со оглед на бројната популација. Овој резултат е многу фрагментиран, со оглед на претходни избори и постојат бројни математички калкулации за да се формира коалициона влада или со ВМРО-ДМПНЕ или со СДСМ. Не знам каков ќе биде исходот, но допрва следат политички преговори“.

Со оглед на тесната победа на ВМРО-ДПМНЕ, некои аналитичари ја отворија можноста за формирање широка коалициона влада до следни избори, Сервер со став:

„Широка коалициона влада понекогаш функционира сосема добро, таков е примерот во Германија изминатите години, но некои држави воопшто не ги користат, и на таквите влади гледаат како на знак на слабост. Мислам дека САД и ЕУ, ќе ја почитуваат волјата на граѓаните на Македонија, каква и` да биде“, коментира Сервер.

Според него, најважно е решение што ќе ја придвижи земјата напред – а тоа подразбира чекорење кон НАТО, расчистување на скандалот со прислушување, и членство во ЕУ. Тоа е вистинската крајна дестинација за мнозинството граѓани на Македонија, заклучи професорот од Универзитетот Џонс Хопкинс.

XS
SM
MD
LG