Линкови за пристапност

Онлајн учењето ќе содржи квизови и брзи тестови


Наставата од октомври ќе се одвива на 5 јазици – македонски, албански, срспки, турски и бошњачки
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:33 0:00

Владата објаснува дека станува збор за лесна и практична платформа, која ќе овозможи интеракција на креативен начин

Онлајн учењето од први октомври ќе се одвива според новоизработената национална платформа, со која ќе се стандардизира учењето на далечина во ситуација на пандемија.

Програмата овозможува учениците да ја гледаат училницата, а наставниците да ги следат учениците.

Од Владата објаснуваат дека станува збор за лесна и практична платформа, која ќе овозможи интеракција на креативен начин. Ќе содржи брзи квизови и брзи тестови, а наставата ќе се одвива на 5 јазици – македонски, албански, срспки, турски и бошњачки.

Надлежните не исклучуваат потешкотии на почетокот на наставата.

„Периодот што следи нема да биде лесен за никого. Ниту за учениците, ниту за родителите, ниту за наставниците. Промените се тешки, а прилагодувањата бараат огромна жртва. Ги разбирам и оние што се загрижени за тоа како ќе се помине учебната година. Како да се обезбеди образование и да се заштити здравјето“, вели министерката за образование Мила Царовска.

Платформата предвидува и самите ученици да предлагаат и да учествуваат во нејзино унапредување. Во овој период, на неполни две недели до стартот на годината, се` уште е во тек обуката на наставниците.

„Почитувани наставници вие сте клучни“, рече премиерот Зоран Заев.

Засега, решено е дека дефинитивно настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво, второ и трето одделение. Се` уште се утврдува дали и децата од другите одделенија ќе може да одат на училиште во оние средини каде просторните услови тоа го дозволуваат, или исклучиво ќе следат онлајн настава.

Бидејќи часовите ќе бидат скратени, како проблем се наметнува прашањето за децата од прво до трето одделение, кои порано од вообичаеното ќе завршат со часови.

Според надлежните оваа тема ја разгледуваат трите засегнати министерства за образование, за труд и за здравство. Се очекува во наредниот период да се пресече дали и како ќе се згрижат овие ученици по завршувањето на часовите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG