Линкови за пристапност

Ефто Стојаноски го посветил животот на тренирање кучиња


Живот посветен на тренирање кучиња
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:41 0:00

„Со професионална дресура на кучиња се занимавам од 1990-та година без прекин, а пред тоа како дете, обучував кучиња за себе, за мои роднини“, вели Ефто Стојановски.

Овој тренер на кучиња од Охрид, го минал целиот свој живот со најверниот пријател на човекот и успеал да обучи голем број кучиња со различни специјалности - откривање на дрога или експлозив или пак кучиња-чувари и спасители.

Во моментот работи со куче, чија специјалност треба да биде откривање на најскапата печурка во светот Тартуф, со цена на пазарот од неколку илјади евра. По напорни вежби сега на кучето му се потребни само неколку секудни за да ја пронајде закопаната печурка.

„Ова е белгиски овчар и е веќе подготвен, да оди на терен и да бара Тартуф, без да погреши“.

Стојаноски обучува на различни јазици, во зависност од јазикот кој го зборува сопственикот на кучето, а дресира кучиња и за забава, со кои секое лето одржува претстави на отворено, па дури и диви животни.

Во 2006-та година бил дел од екипата од српското филмско остварување „Караула“, кој се снимал во Охрид, помагајќи им на главните актери како да се однесуваат со кучињата од расата „германски овчар“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG