Линкови за пристапност

Димитров: Имам дебата сам со себе дали да се кандидирам за претседател


Димитров:Предвремени парламентарни избори ќе бидат голем влог за Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:42 0:00

Во меѓувреме ќе треба да продолжиме да го имплементираме планот со реформите, рече министерот за надворешни работи во интервју за Гласот на Америка

По денешното потпишување на пристапниот Протокол за НАТО, Македонија ќе треба да осигура дека во сите 29 земји - членки процесот на ратификација ќе оди мазно и брзо, изјави во интервју за Гласот на Америка министерот за надворешни работи Никола Димитров.

„Ние во меѓувреме ќе треба да продолжиме да го имплементираме планот за исполнување на реформите, што заедно со писмото го испративме до Столтенберг, главно во областа на владеење на правото, безбедносните реформи во областа на разузнавањето и контраразузнавањето и одбрандбените реформи“, рече Димитров.

Тој вели дека иако процесот на ратификација обично трае една година, ако се земат предвид претходните примери со Црна Гора и Хрватска, сепак можеби и нема да биде преоптимистички ако се верува дека овојпат тоа ќе случи и порано.

Димитров смета дека процесот ќе мора да оди напред оти друга алтернатива нема, и покрај најавите за блокада на евроинтеграцијата на Македонија од страна на лидерот на грчката опозиција Киријакос Мицотакис.

„Ќе направиме се` што можеме преку имплементацијата на Договорот од Преспа, преку начинот на кој разговараме со нашите соседи да ги убедиме и противниците на Договорот дека ова е добра работа“, рече Димитров.

Според него, можното одржување предвремени парламентарни избори ќе биде голем влог и ќе ја намали шансата на Македонија за одење напред, поради тоа што ќе има техничко-пржинска влада, технички премиер, како и разлики во функционалноста на Собранието.

Вели дека најважно во овој момент е да се работи на исполнување на реформите за да се фати европскиот воз.

А на прашањето дали ќе се кандидира за претседател, Димитров рече:

„Имам дневни дебати сам со себе околу тоа прашање, но, во овој момент од една страна треба да мислиме каков профил ни треба, имајќи го предвид искуството од изминативе десет години, и од друга страна да видиме што ќе донесе овој важен процес“.

Најави и дека размислува за комбиниран модел за бранење на тезите на идните амбасадори, по реакциите дека првпат ваквата пракса се одвива во тајност.

Одлуката, пак, за амбасадор во Вашингтон и во повеќе други градови ќе биде донесена по претседателските избори, поради потребата од соработка на Владата и претседателот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG