Линкови за пристапност

Димитров: Никос ти посакувам добро здравје, ние продолжуваме кон заокружување на решението


Се надеваме дека ќе надвладее разумот - Стојан Андов пред гласањето за уставните промени
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00

Шефот на македонската дипломатија излезе со писмена изјава за вчерашната неочекувана оставка на грчиот министер за надворешни работи

Македонија ќе продолжи кон заокружување на Договорот од Преспа - шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска излезе со писмена изјава за вчерашната неочекувана оставка од министерска позиција на Никос Коѕијас, еден од архитектите на спогодбата за името.

Според Димитров, тој и Коѕијас заедно со македонскиот и грчкиот премиер, за една година успеале да направат нешто што во претходните 27 години се сметало за невозможно.

„Ги приближивме нашите две земји и го склучивме историскиот договор од Преспа, градејќи мост на пријателство и докажувајќи дека и нашиот регион може да решава спорови и да создава иднина. Никос, од срце ти посакувам добро здравје и успех во сите идни предизвици. Од наша страна, ние ќе продолжиме со силна посветеност кон заокружување на ова историско решение, заедно со останатите прогресивни и демократски сили во Скопје и Атина“, напиша Димитров за оставката на неговиот грчки колега.

Повлекувањето на Коѕијас, иако нема директно влијание врз внатрешно- политичката состојба во земјава, доаѓа во чувствителен период, токму во пресрет на утрешното гласање за потребата од пристапување кон уставни измени, за што освен гласовите на владејачкото мносинство неопходни ќе бидат и дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и коалициските партнери велат дека имаат чувство оти утре поддршка ќа дадат и членови од опозицијата.

„Македонија припаѓа во западниот цивилизациски свет без разлика што Христијан Мицкоски има проблем со тоа. Ја срами државата и се расправа со нашите западни сојзници. Убедени сме дека нашите колеги од ВМРО-ДПМНЕ се за ЕУ и НАТО. Тоа го кажаа и во своите диксусии, а сега треба да го покажат тоа“, вели Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група на СДСМ.

Повик за компромис пред утрешното гласање упати и поранешниот спикер Стојан Андов.

„Се надеваме дека деновиве ќе надвладее разумот, му честитам на колегата Талат Џафери на трпението. Сите сме во очекувања на одлуките што ќе се донесат за иднината на овие деца“, вели Стојан Андов, поранешен претседател на Собранието.

Утрешното гласање, кое за да биде успешно бара двотретинска поддршка, е прва фаза од процесот на уставни измени.

Во втората фаза, кога се утврдуваат нацрт-уставните амнадмани треба просто мнозинство, а за нивно конечно усвојување повторно „за“ треба да се изјаснат две третини од пратеници.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG