Линкови за пристапност

Димитров: Ќе одам и на пазари да им кажам на луѓето зошто треба да успее референдумот


САД го поддржуваат референдумот - Никола Димитров, министер за надворешни работи
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:36 0:00

Во септември помалку ќе патувам и повеќе ќе седам во Македонија, за да им објаснам на луѓето зошто во дадените околности ова е вистинскиот пат за нас, најави министерот за надворешни работи

Америка има интерес референдумот да успее, а две средби со државен секретар на САД од ноември досега, зборува за правецот по кој почна да оди државата, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров, по средбата со државниот секретар на САД Мајк Помпео.

„Затоа што овој процес носи стабилност, и завршува една работа која долго време е отворена и незавршена, а тоа е нашето НАТО членство“, рече Димитров.

Сепак, вели Димитров, Македонија е таа што има поголем интерес тоа да се случи, а кое ќе значи преминување на линијата на сигурност и стоп на сите прашања дали ќе не` биде.

Димитров вели дека овој референдум не е на Владата, ниту на една или друга политичка партија, туку на иднината на сите граѓани

Многу е важно во овој момент, додава тој, да се информираат луѓето за текстот на Договорот, за интерпретацијата и дали има друга алтернатива.

Според Димтров, одговорноста да се поддржи Договорот е многу голема, но, уште поголема е да не се поддржи.

„Планирам во септември што помалку да патувам и повеќе да седам во Македонија. Да разговарам со граѓаните, да одам по пазари, да одам таму каде што се луѓето, за да им објаснам дека ја разбирам маката, и зошто во дадените околности мислам дека за нас ова е вистинскиот пат“, најави Димитров.

Тој потенцира дека во опозицијата има разногласие, и оти никој не знае што ќе се случи пред овој историски тест на одговорност.

„Да се качиме во возот е важно. Политичарите и политиката ќе да мора да се менуваат. Ќе мора да се натпреваруваат во чесност и да градат силни институции. Тоа е нашата иднина, но, ние ќе мора тоа да го сработиме дома“, вели тој.

Помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Вес Мичел го охрабри Договорот за името со Грција, и рече дека САД очекуваат Македонија да стане НАТО членка.

„Ја цениме улогата што министерот Димитров ја има, и очекуваме успешен рефенрндум на 30-ти септември“, нагласи Мичел.

Освен за референдумот, Димитров и Помпео зборувале и за ситуацијата во светот, Европа и во регионот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG