Линкови за пристапност

Во Македонија неказнивоста останува проблем


Американскиот Стејт департмент го објави годишниот извештај за човекови права

Стејт департментот го објави извештајот за човекови права за 2017-та година. Во него е документиран статусот на човековите права и правата на работниците, во речиси 200 земји и територии. Извештајот не вклучува споредби или рангирања на земјите кои се проучувани.

Во делот за Македонија, е споменат инцидентот во Собранието на 27-ми април и дека според медиумските извештаи, припадници на Министерството за внатрешни работи, им помогнале на демонстрантите да упаднат во парламентарната зграда, а со тоа не успеале да се придржуваат на својата должност и да ги заштитат законодавците. Министерството, се додава во документот, ги казни одговорните за потфрлување за извршување на работните обврски и отпушти осум полицајци.

Најголемите прашања за човековите права, се поврзуваат со извештаите за тортура од страна на вработени во затворите, мешање во приватноста, насилство против новинари, недостиг на независно судство, корупција и прекршување на правата на лицата од ЛГБТИ заедницата.

Владата, се вели во извештајот на американскиот Стејт департмент, презела одредени чекори за да спроведе истрага, да поведе судски постапки и да ги казни извршителите на делата, вклучувајќи и припадници на полицијата, обвинети за прекумерна употреба на сила. Сепак, "неказнивоста и натаму е широко распространет проблем". Понатаму во извештајот, се споменати и дел од активностите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за периодот помеѓу 15-ти април и 15-ти септември. Обвинителството, се додава во документот, работи на истраги за наводна корупција во Македонија меѓу 2008-ма и 2015-та година.

Извештајот за делот посветен на состојбата на човековите права во Македонија, е достапен на следниов линк:

https://www.state.gov/j/drl/rls/hrrpt/humanrightsreport/index.htm#wrapper

„Ние сме земја основана на верувањето дека секој човек треба да поседува неприкосновени права. Промовирањето и бранењето на тие права е суштинско на она кои сме како држава“, кажа Џон Саливан, вршител на должноста државен секретар на САД, во своето уводно излагање.

„Се стремиме да промовираме праведно и ефикасно владеење базирано на владеењето на правото и почитување на човековите права. САД ќе продолжат да ги поддржуваат оние ширум светот, кои се борат за своето човечко достоинство и слобода“, додаде Саливан.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG