Линкови за пристапност

Дебатата за уставните измени се префрла во Парламентот


Дебатата за уставните измени се префрла во Парламентот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00

Дебатата за уставните измени се префрла во Парламентот

По денешното продолжение на комисиската расправа за владиниот предлог за уставни измени, дебатата се префрла на пленарна седница на парламентот. Во понеделник пратениците ќе треба да се произнесат дали се за одлука за пристапување кон измена на Уставот, што е првата фаза од процесот и за што е потребно двотретинско мнозинство - сценарио што претпоставува и можна поддршка од најголемата опозициска партија. Имајќи ја во предвид позицијата на ВМРО-ДПМНЕ, како и кусиот период, владејачкото мнозинство денеска повторно ги повика колегите од опозицијата да го поддржат процесот.

„Лично ви кажувам не ни сакам да поверувам дека во овој историски момент пратениците и раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе преземат одговорност и ќе го спречат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Ако се случи да не помине гласањето, нема друга опција, преостануваат единствено избори за кои сум убеден дека ќе ги добиеме без проблем“, рече потпретседателот на Собранието Горан Мисовски.

Денеска имаше координација меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Мицкоски за кои од партијата тврдат дека биле редовни. „Нашите претставници во парламентот се под притисок“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствено нашите пратеници се изложени на притисок и закани од страна владата, СДСМ и Зоран Заев, преку разни прогони, апели и закани“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Меѓународните експерти со кои разговараше Гласот на Америка не се уверени во аргументите на опозицијата дека таа во иднина би можела да истурка подобар договор со Грција.

„Ова е вистински тест за тоа дали пратениците на опозицијата ќе бидат доволно зрели за да кажат „Да, не го сакаме овој договор, но дали има подобра понуда“. Јас не гледам каква било разумна аргументација за тоа дека ќе има подобра понуда во иднина. Чувството е како да има јаз – од една страна надежта дека овој процес ќе успее, но и дека се може да пропадне“, вели Курт Басуенер од Советот за политики за демократизација.

Дали Договорот со Грција ќе добие свое правно финализирање со овој собраниски состав ќе се тестира во понеделник. Другата опција што е на располагање се предвремени избори со кои власта се надева дека би обезбедила двотретинско мнозинство неопходно за уставни измени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG