Линкови за пристапност

Ако не се почитуваат мерките, нема да имаат никаков ефект, рече Филипче, по воведување на новиот полициски час денеска


Полициски час, празни улици - Како Северна Македонија изгледа денес?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:45 0:00

И покрај постојаното заострување на мерките, МВР секојдневно информира за прекршувања на полицискиот час

Заострениот полициски час, кој почнува пет часа порано ги испразни улиците. Викендов ќе биде уште поригорозно - од петок од 16 часот до понеделник во 5 часот, на граѓаните ќе им биде забрането излегување од домовите, со исклучок на оние што имаат дозвола за движење.

И покрај постојаното заострување на мерките, МВР секојдневно информира за прекршувања на полицискиот час. Вчеравечер 35 лица не ја почитувале забраната за движење.

Министерот за здравство, пак, апелира до граѓаните да се придржуваат до препораките.

„Сите имаме многу голема одговорност, сите граѓани. Мерките ако не се почитуваат нема да имаат никаков ефект. Имаме работа со болест којашто во некои случаи, а не знаеме кои, дава многу тешка форма кај пациентите“, порача Венко Филипче преку социјалните мрежи.

Истовремено, од неговиот ресор објавија препораки од кардиолозите, кои сметаат дека срцевите заболувања го зголемуваат ризикот од КОВИД 19, и дека навремените информации се главно оружје за заштита на лицата со срцеви заболувања.

Владата денес прати и препораки до вработените во производните капацитети дека е клучно е да се одржи физичкото растојание.

Надлежните не се согласуваат со тврдењата дека не помагаат на најпогодените сектори - угостителството и туризмот.

„Свесни сме дека голем број од компаниите од овие сектори се директно опфатени со кризата и од тие причини Владата во вториот пакет на мерки истите ги дополни со нови мерки, односно преку Банката за развој обезбеди дополнителни средства, бескаматен кредит“, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

Денеска на скопскиот аеродром стигна донација од Турција од 50.000 маски, 1.000 заштитни скафандери и 1.000 дијагностички тестови.

Во понеделникот, американската администрација најави 1,1 милион долари за државата наменети за справување со Ковид-19.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG