Линкови за пристапност

Засилени подготовки пред изјаснувањето во Парламентот


Засилени подготовки пред изјаснувањето во Парламентот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:41 0:00

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев денеска јавно го повика парламентот и пратениците да покажат дека се за НАТО и за ЕУ преку поддршка на предлогот за пристапување кон измена на уставот што владата вчера го прати во собранието. „Деновите се бројат, не треба да се губи време“ – порача Заев. Не крие дека има дирeктна комуникации со пратениците од другиот табор од кои се очекува поддршка – негира дека станува збор за поткуп.

„Разговаравме со пратеници, лично јас разговарав и видовме дека има една прогресиван маса пратеници која е сериозно довoлен мотив за отворање на постапката за уставни измени. Се надевам дека овие денови парламентот ќе закаже комисија на уставната комисија за да може да се отвори дебатата. Јас очекувам и низ креативниот дел на пратениците, низ дебата, да се создава благопријатна атмосфера за сите, за да може да се формира тоа двотретинско мнозинство. Морам да ги отстранам сите шпекулации – за некакви пари или незгодни состојби или слично“, изјави Заев.

На прашањето дали владата има мнозинство во парламентот штом иницира уставни измнеи, премиерот одговара „можам да верувам дека имаме или немаме мнозинство, но тоа мора да се покаже на гласањето, ние веруваме дека имаме мнозинство“. Денеска апелираше до сите политички актери да се носат со историската одговорност што е пред земјата, зашто според него, враќање назад нема.

„Ќе покажеме се што знаеме и умеме заедно сите. Ако успее, супер, ако не успее, тогаш некој нека ни каже што. Ако има нешто друго освен избори, нека ни каже, зашто нема ништо друго освен изборите ако не успее да се обезбеди двотретинско мнозинство за гласањето на уставните измени. Јас сум оптимист и релаксиран“, вели Заев.

Потегот на владата за иницирање уставни измени за ВМРО-ДПМНЕ е показател дека за социјалдемократите „кариерата на Зоран Заев е поважна од националните и државните интереси“. „СДСМ одбива да ја испочитува волјата на 1,2 милиони граѓани кои преку апстиненцијата на референдумот и дадоа јасен сигнал на власта дека не се согласуваат со промена на името, идентитетот, јазикот и историјата на Македонија.“ – реагира опозицијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG