Линкови за пристапност

Државјанството останува македонско/граѓанин на Република Северна Македонија


Владата и партијата БЕСА постигнаа договор за надминување на разликите

Прифатен е амандман на Уставниот закон, со кој се потврдува државјанството македонско/граѓанин на Република Северна Македонија и се појаснува како ќе гласи за граѓаните Албанци на албански јазик, и ќе се утврди во сите закони каде што е тоа потребно, соопштија Владата на Македонија и партијата БЕСА, најавувајќи дека постигнале заедничко решение за надминување на разликите, притоа нагласувајќи дека државјанството е македонско/граѓанин на Република Северна Македонија.

Во заедничкото соопштение се вели дека истовремено е прифатен амандманот со кој се потврдува дека републиката подеднакво води грижа за дијаспората на сите свои граѓани.

„Дополнително во Законот за лична карта ќе се впише и етничката припадност на граѓаните. За сите други работи кои беа предложени како амандмани, ќе бидат повлечени затоа што формално-правно не е возможно да се реализираат сега. Остануваме посветени во иднина да работиме на нивно решавање, со цел да го отстраниме и таквиот вид проблеми со кои се соочуваат граѓаните, а заради постигнување на заедничките европски вредности“, соопштија тие.

Освен со БЕСА, Владата информира и дека заедно со новата пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и колицијата успеале да постигнат договор за конечноста на уставните амандмани и Уставниот законик, со што се обезбедува најмалку две третини мнозинство во Парламентот.

„Добивме максимално можно добар текст на уставните амандмани и на Уставниот законик за спроведување на договорот од Преспа, со што уште еднаш се потврдува македонскиот идентитет, внатрешна примена на Договорот од Преспа и стапувањето на сила на уставните амандмани“, се вели во заедничкото решение, повторувајќи уште еднаш дека државјанството е македонско/граѓани на Република Северна Македонија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG