Линкови за пристапност

Јавната расправа за нацрт-амандамните ќе трае пет дена


Освен во Скопје, јавна расправа се очекува да има и во други градови низ државата

Собранието утре почнува со јавна рaсправа за уставните измени, откако вчера беше усвоен и четвртиот нацрт-амандман.

„Расправата ќе трае пет работни дена за која е задолжен предлагачот на нацрт-амандманите, по што Владата има два дена да ги сублимира резултатите од расправата и да ги достави до претседателот на Собранието“, се вели во собраниското соопштение.

Претседателот на Собранието, согласно Деловникот, потоа ги доставува амандманите до пратениците во Собранието, до претседателот на државата и до Владата, најдоцна 30 дена пред одржување на седницата на Собранието.

По затворање на амандманската расправа ќе треба да се гласа, а за изгласување ќе биде потребно двотретинско мнозинство или 80 гласа.

Освен во Скопје, јавна расправа се очекува да има и во други градови низ државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG