Линкови за пристапност

Заев: Овие четири амандмани не го задираат идентитетот


Владата ги утврди уставните Нацрт - амандмани
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00

Во амандманите се вклучени и барањата на пратениците на опозицијата

Владата денеска ги утврди уставните Нацрт - амандмани. Станува збор за четири амандмани, чија содржина го одрзавува договореното во Преспа.

Првиот амандман се однесува на замената на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија, освен во членот 36.

Вториот амандман е на Преамбулата на Уставот, во која одлуките на АСНОМ се заменуваат со прогласот од Првото заседание на АСНОМ, а се додава и Охридскиот договор.

Во третиот амандман има еден став дека „Републиката го почитува територијалниот интегритет и политичката независност на соседите“.

Четвртиот, пак, се однесува на историското и културното наследство на македонскиот народ, како и дека „Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство, без притоа да се меша во суверените права на другите држави“.

„Овие четири амандмани се многу едноставни. Не го задираат идентитетот. Нема ништо спорно, експертите кажаа дека се во насока на меѓународните принципи за заштита на човековите права. Оттука, овие амандмани заслужуваат поддршка од сите пратеници во име на ЕУ и НАТО интеграцијата“, изјави премиерот Зоран Заев, и додаде:

„Сите знаеме дека нема можност за нов договор. Договорот е доволно фер, праведен и еднаков со придобивки за двете страни“.

Во овие амандмани инкорпорирани се и барањата на пратениците на опозицијата, кои гласањето „за“ старт на уставните измени го условија со прифаќање на елементи кои се во насока на потврда на идентитетот.

„Сите уставни амандмани ќе влезат во сила само ако Грција го ратификува пристапниот протокол во НАТО“, изјави Елизабета Канческа-Милевска, координаторка на независните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

Со изготвување на Нацрт-амандманите работата се префрла во Собранието, каде прво ќе се разгледуваат на ниво на комисии, по што ќе следи нивно усвојување на пленарна седница.

Потоа, следи фазата на јавна дебата и финализирање на измените во форма на предлог-амандмани, кои за да се изгласаат неопходно е двотретинско мнозинство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG