ВАШИНГТОН —
Демократскиот конгресмен од Пенсилванија Мет Картрајт, е нов член на конгресната група, којашто дава поддршка за Македонија, најави Обединетата македонска дијаспора во Вашингтон (ОМД). Оваа група брои 26 конгресмени.
„Поддршката на конгресменот Картрајт е од голема важност за нас. Со нетрпение очекуваме да соработуваме со него во зајакнување на врската меѓу Македонија и САД“, изјави Мето Колоски, претседател на ОМД.
Конгресната група за поддршка на Македонија ја сочинуваат членови од двете партии во Конгресот.
Facebook Forum