Линкови за пристапност

Климатските промени не ја одминаа Македонија


5. меѓународна научна конференција за води, клима и животна средина - BALWOIS.
5. меѓународна научна конференција за води, клима и животна средина - BALWOIS.

Република Македонија има стратегија за справување со климатските промени, која мора да се адаптира

Министерството за животна средина ги координира активностите за справување со климатските промени, истакна министерот за животна средина просторно планирање Абдилаќим Адеми на отварањето на Петтата меѓународна научна конференција за води, клима и животна средина - BALWOIS.

Според него, македонската влада будно ги следи барањата на Европското семејство во доменот на управувањето на водните системи и ревносно ги спроведува барањата на европските директиви.

„Непобитен е фактот дека, ублажувањето на климатските промени и мерките на адаптација кон истите се предизвик за научната јавност насочено кон намалување на ранливоста на водените ресурси. Ние, креаторите на политиките, треба да донесеме соодветна рамка и инструменти за да го намалиме ризикот од климатските промени“, кажа министерот Адеми.

Професорката од Градежниот факултет во Скопје, Цветанка Поповска потенцира дека климатските промени во Македонија не се толку алармантно изразени како што е тоа случај во други делови од светот, но дека сепак, општествата треба да се прилагодуваат кон зголемените потреби на свежа вода и да се преориентираат кон алтернативни извори.

„За среќа, ние во последните години сме соочени со добар хидролошки режим, па оној недостаток на вода што го имавме во изминатите две-три декади, кога резултираше со намалени количини вода во сите три тектонски езера, а и вештачките акумулации, демонстира мали количини вода за користење во водостопанството, така што мислам дека се` уште климатските промени не се толку изразени кај нас“, рече професорката Поповска.

Оваа конференција е поддржана од француското министерство за животна средина, француската амбасада во Скопје, Меѓународната асоцијација на Хидролошки науки и Европската Метеоролошка Асоцијација.
XS
SM
MD
LG