Линкови за пристапност

Напад во чеченскиот парламент, тројца мртви


Напад во чеченскиот парламент, тројца мртви
Напад во чеченскиот парламент, тројца мртви

Властите велат дека сите напаѓачи се убиени по 20-минутната операција на безбедносните сили за преземање на контролата врз зградата во Грозни.

Руската полиција вели дека најмалку тројца вооружени напаѓачи упаднале во чеченскиот парламент во вторникот земајќи заложници и убивајќи најмалку три лица.

Властите велат дека сите напаѓачи се убиени по 20-минутната операција на безбедносните сили за преземање на контролата врз зградата во Грозни.

Властите велат дека напаѓачите убиле двајца полицајци и еден пратеник. Притоа биле повредени 17 лица.

Чеченија е дел од рускиот проблематичен регион на Северен Кавказ каде со години владее насилство поврзано со исламските сепаратисти.

Русија последниве години водеше две војни против бунтовниците во Чеченија. Главните битки во Чеченија стивнаа, но напади врз владини цели и натаму се присутни. Насилството се прошири во Дагестан и Ингушетија.

XS
SM
MD
LG