Линкови за пристапност

Апелирам да се воздржиме, колку и да е болно, низ дијалог да најдеме европско решение, рече Заев за спорот со Бугарија


Премиерот Зоран Заев за спорот со Бугарија
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:52 0:00

Целта е да се гради пријателствто и да се изнаоѓаат решенија за да се продолжи со интеграцијата на целиот Балкан во Европската Унија, рече премиерот

Бугарија повторува дека Скопје и Софија треба да продолжат активно да бараат решение за отворените прашања меѓу двете земји, поради кои завчера министрите на земјите-членки на ЕУ не постигнаа консензус за усвојување на предлог-преговарачката рамка за Северна Македонија.

Бугарскиот премиер во денешниот телефонски разговор со албанскиот колега, рекол дека Бугарија е една од земјите што најмногу инсистирала и сакала република Северна Македонија да стане дел од ЕУ.

„Во овој контекст, напорите на Бугарија отсекогаш биле насочени кон постигнување консензус за прашања важни за двете земји. За жал, таквата обврска не се почитува од страна на Република Северна Македонија. Подготвени сме да ги продолжиме разговорите и активно да работиме во имплементација на Договорот за соседство“, му рекол Борисов на Еди Рама.

По завршувањето на денешната седница на Советот за безбедност премиерот Зоран Заев, во однос на ситуацијата со Бугарија, изјави дека целта е да се гради пријателствто и да се изнаоѓаат решенија за да се продолжи со интеграцијата на целиот Балкан во Европската Унија.

„Негуваме надеж дека треба се`, до последен момент, додека тоа е возможно, до почетокот на декември. Апелирам до сите, да се воздржиме, ние сме пријатели со Бугарија, колку и да е тешко и болно ова што го чувствуваме како неправда, сепак треба низ дијалог, разговор, да изнајдеме европско решение со разбирање за бугарската, а тие за нашата позиција“, рече Заев.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG