Линкови за пристапност

За да ги отвориме прозорците на иднината мора да ги затвориме вратите на минатото оти ќе се појави промаја, рече Заев


Според пораките од Софија, земјата продолжува да биде блокирана пред состаноците на ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:48 0:00

Според денешните пораки од Софија, иднината на евроинтеграциите на земјата продолжува да биде блокирана во пресрет на состаноците на ЕУ наредната седмица

Има прозорец на можности, но решение нема. Тоа е епилогот од денешните средби на највисоко ниво во Софија. Македонската владина делегација, предводена од премиерот, од бугарскиот државен врв ги слушна пораките на поддршка за евроинтеграциите, но и проценките дека „во блиска иднина може да се постигне договор“ за отворените прашања.

Според техничкиот премиер во Софија, има подобрување во атмосферата меѓу двете земји која може да се искористи.

„Она што го констатиравме е дека во моментот имаме прозорец за шанса за да работиме на нерешените прашања од спроведувањето на Договорот за добрососедство од 2017. Целта ни е да создадеме позитивна атмосфера, атмосфера на доверба, пријателство, отворен разговор што треба да им помогне на нашите експерти да седнат и да ги постигнат вистинските решенија кои содветно треба да бидат претставени пред двете општества и политичките раководства на двете држави да дојдат до вистинските решенија за да се движиме напред. Кога имаме една добра атмосфера во политичките разговори, се надевам дека во блиска иднина ќе постигнеме договор. Делегацијата на Заев дојде со конкретни предлози кои интензивно ќе ги разгледуваме во наредните денови“, рече техничкиот бугарски премиер Стефан Јанев.

Не прецизираше какви се тие предлози. Прашан кои се гаранциите за кои Бугарија зборува, Јанев пак се реферираше на потребата од доверба и отворен дијалог.

Заев потврди дека се разговарало за суштината на проблемот, за патоказот како можно решение, за работата на историската комисија, за португалскиот предлог испорачан пред еден месец. Не гледа проблем Северна Македонија, пред да влезе во ЕУ, и бугарскиот народ да го вметне во Уставот.

Зборувајќи за ситуацијата, Заев неколкупати повтори дека станува збор за билатерално прашање кое Скопје и Софија треба да го решат.

„Наше е да разговараме за билатералните прашања кои не се невозможни за решавање и постои можност за решение. Решението што е пред нас треба да води грижа за интересите на двете страни. Убеден сум дека денешните средби во Софија ќе донесат само добро за двата братски народа. Апелирам до бугарскиот братски народ да продолжи да ѝ помага на Северна Македонија. Друга алтернатива нема. За да ги отвориме прозорците на иднината мора да ги подзатвориме вратите на минатото зашто ќе се појави промаја што ќе ја издува сегашноста и иднината“, рече премиерот Зоран Заев.

Според денешните пораки од Софија, иднината на евроинтеграциите на земјата продолжува да биде блокирана во пресрет на состаноците на ЕУ наредната седмица. Речиси и извесно дека овој јуни ситуацијата останува статус-кво. Наредната шанса е дури во октомври.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG