Линкови за пристапност

Дебатата за буџетот отсликува длабока поделба за улогата на владата


Дебатата за буџетот отсликува длабока поделба за улогата на владата
Дебатата за буџетот отсликува длабока поделба за улогата на владата

Битката за тоа колку да се крати од федералниот буџет ќе доминира на политичката сцена во Вашингтон во догледна иднина, воедно поставувајќи ја и базата за претседателската кампања

Републиканците имаа значителни добивки за време на конгресните избори минатиот декември и многумина од нив изборните резултати ги сметаат за доказ дека Американците поддржуваат намалување на федералната влада.

Лидерот на сенатското мнозинство, републиканецот Мич Меконел и неговите колеги, речиси веднаш го искритикуваа предлог-буџетот на претседателот Барак Обама за 2012 година од 3,7 трилиони долари, што вклучува комбинација од скратување на трошоците и укинување на некои даночни олеснувања.

Се очекува републиканците да излезат со свој предлог-буџет што предвидува уште поголеми скратувања на владините трошоци.

Битката за тоа колку да се крати од федералниот буџет ќе доминира на политичката сцена во Вашингтон во догледна иднина, воедно поставувајќи ја и базата за претседателската кампања.

Разликите меќу Републиканската и Демократската партија околу буџетот се чинат огромни, но претседателот Обама вели дека и покрај резултатите од минатогодишните избори, повеќето Американци на крајот сакаат да видат доближување на ставовите на двете страни.

Анкетите покажуваат дека политичкиот рејтинг на претседателот се подобрил по минатогодишниот успех да постигне двопартиски компромис со републиканците за продолжување на даночните скратувања.

Експертите сугерираат дека таквиот дух на соработка, што, како што велат, недостасувал во првите две години од мандатот, може да продолжи и годинава.

Сепак, одредени новоизбрани републиканци не се расположени за компромис по прашањето за буџетот. Многумина од нив се избрани заради поддршката на таканареченото „Ти парти“ движење составено од конзервативни и либерални активисти кои се залагаат за намалување на моќта и големината на федералната влада.

Експртите додаваат дека дебатата за буџетот може многу лесно да ги поларизира симпатизерите и на политичката левица и десница, што може да отвори простор за претседателот Обама да биде реизбран на функцијата.

Буџетот и големината на федералната влада се очекува да бидат клучни прашања во битката за претседателска номинација кај републиканците, што официјално ќе започне на почетокот на следната година. Неколкумина потенцијални републикански претседателски кандидати се очекува да објават дали навистина ќе се кандидираат во наредните неколку месеци.

XS
SM
MD
LG