Линкови за пристапност

Амнестијата е направена за да ги крши правилата


Амнестијата е направена за да ги крши правилата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:08 0:00

Експерти во Вашингтон го коментираат помилувањето во Македонија, пред носење на уставните измени

Избраните претставници од народот се должни да гласаат за доброто на државата, а не да уценуваат со амнестија, вели Дејвид Лабан од Асоцијацијата на обвинители во Вашингтон.

Сепак, според него, тоа што власта одлучила да помилува одредени лица за постигнување повисока цел за државата - ЕУ и НАТО, всушност ја оправдува основната идеја за постоење на амнестијата.

„Ова е одлична ситуација при која лидерот треба да објасни дека амнестијата ја дава поради она што ќе следи како резултат од неа. Добро користење на моќта на помилувањето“, вели тој.

Но, она што за Лабан не е во ред е начинот на кој е направена аменстијата - прво помилување па потоа обезбедување гласови во Парламент.

Тоа е мито, вели тој.

„Ако направите нешто тогаш ќе ве помилувам. Тоа е обратен процес. Прво треба да се заврши работата, и откако ќе се донесе пресуда и ќе се утврди вина, потоа лицето кое ја има моќта да помилува ќе го погледне случајот и ќе каже дека за влез во ЕУ и НАТО ќе го искористи правото да помилува“, објаснува Лабан.

Тој смета дека помилувањето однапред обезбедува слободна карта за излегување од затвор, без преземање одговорност.

На прашањето дали ситуацијата во Македонија може да се спореди со случајот на поранешниот советник за национална безбедност на САД Мајкл Флин, тој вели:

„Тоа е блиска споредба, но разликата е во тоа што Флин беше обвинет, осуден и сега дискусијата е која ќе биде казната“, рече Лабан.

Адвокатката Маргарет Лов, која работи на претседателските помилувања во САД, вели дека низ годините многу американски претседатели и гувернери ја користеле моќта на помилувањето за да испратат политичка порака.

„Помилувањата се контроверзни. Некои луѓе ги сакаат некои не. Но, основната функција на амнестијата е да ги прекршува правилата“, вели таа.

Лов ги исткана и контровезрните помилувања на американските претседатели Џорџ Буш помладиот, Ричард Никсон и на Џералд Форд, додавајќи дека амнестијата е моќна алатка и секоја влада, вклучуваќи ја и македонската, треба внимантелно да ја користи во многу специфични ситуации.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG