Линкови за пристапност

Македонија и Албанија да си помогнат за во ЕУ


Македонија и Албанија да си помогнат за во ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:41 0:00

Порачаа албанскиот и македонскиот претседател, по денешната средба во Скопје

Македонија да ги користи албанските искуства за НАТО, а Албанија македонските, кога станува збор за евроинтегациите - заклучија шефовите на двете држави денеска во Скопје.

Ѓорѓе Иванов му беше домаќин на Илир Мета, кој е прв албански претседател кој по подлог период е во официјална посета на Македонија.

Тирана и Скопје заедно го почнаа патот кон НАТО, но, откако Албанија стана членка, Македонија очекува нејзина поддршка, порача претседателот Иванов.

„Македонија очекува Албанија да ја повлече да биде членка на НАТО, да и` помогне да добие покана за членство. А за тоа за што Македонија има направено во ЕУ, нејзиното искуство и стои на располагање на Албанија“, рече Иванов.

Албанскиот претседател Мета, пак, рече:

„Сите со нетрпение очекуваме Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО, но, и да постигне видлив напредок на патот кон европската интеграција. Го поттикнуваме продолжувањето на дијалогот за надминување на сите прашања, кои претставуваат пречка на тој пат. Македонија како членка на НАТО, не е успех само за самата земја, туку и за целиот регион“, изјави Мета.

Двајцата потврдија дека она што најмногу ги поврзува двете земји се Македонците во Албанија и Албанците во Македонија.

Иванов му се заблагодари на Мета за неговиот ангажман за унапредување на состојбата на македонското малцинство.

„Подобро взаемно да се поддржуваме, отколку да си судиме едни на други за прашања од минатото, изјави Мета.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG