Линкови за пристапност

Нема отворени прашања меѓу Македонија и Албанија


Македонија и Албанија немаат отворени прашања
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:46 0:00

Министрите за надворешни работи на двете држави, порачаа дека сакаат уште подобра соработка, како единствен пат кон евроатлантските интеграции

Мисијата на македонската дипломатија, за подобрување на односите со соседите, што е и едно од барањата на Брисел до Скопје, денес го доведе Никола Димитров во Тирана.

Во главниот град на Албанија, кој изминатиот период, дел од домашната јавност го гледаше како место каде се „кроеше“ т.н. платформа на албанските партии, се слушнаа изјави дека меѓу двете земји всушност нема отворени прашања.

Претставниците на двете страни порачаа дека сакаат уште подобра соработка како единствен пат кон евроатлантските интеграции.

Договорена е прва заедничка седница на македонската и на албанската Влада, наесен во Подградец

„Често се споменуваше во минатото, кога имаше недоразбирања за некои ставови, дека за нас Македонија е важен сосед. Демократијата, стабилноста, меѓуетничката хармонија и еднаквоста, се од особено значење за Македонија и за нас“, изјави Дитмир Бушати, министер за надворешни работи на Албанија.

Бушати уверува дека Тирана не е, и нема да биде пречка за евроатлантските аспирации на Скопје.

Го поздрави реформскиот план „3-6-9“, клучен за НАТО и за ЕУ- процесите на Македонија.

Беше споменато и прашањето за најавениот предлог-закон за употреба на јазиците, кое е едно од најважните точки во платформата на албанските партии во Македонија.

„Во однос на Законот за употреба на јазиците, оваа влада има заложба да стори сѐ што е во корист на нашите сограѓани Албанци, но, и на оние кои се припадници на другите етнички заедници во согласност со Уставот на Македонија. Овој процес не само што не се забавува, туку работиме да го забрзаме“, рече Никола Димтров, министер за надворешни работи.

Утврдено е дека има простор за соработка, особено во економијата и трговијата, како и во подобрувањето на инфраструктурата

Дали нешто од споменатото ќе се реализира, двајцата министри рекоа: „Заедно се согласивме да направиме повеќе од само политички изјави и да има резултат во конкретни проекти“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG