Линкови за пристапност

„Зелена Револуција“: Марш за чист воздух


Организаторите на денешниот Марш, бараат целосен пресврт во начинот на водењето на политика во државата со ставање на животната средина на прво место при носењето на сите одлуки.

„Ние, обединети граѓански активисти од Скопје, Битола, Тетово, Гостивар, Струмица, Ново Село, Струга, Охрид и други градови и населени места, кои застанавме зад организацијата на ‘Маршот за чист воздух’ што ќе се одржи денеска, пред Министерството за животна средина и пред Владата, бараме исполнување на барањата кои се плод на долгогодишна граѓанска активност и иницијативи за подобрување и решавање на многубројните проблеми со загадување и уништување на просторот во кој живееме во нашата земја“, се вели во соопштението до јавноста на организаторите на денешниот Марш, најавен како мирен и граѓански, натпартиски мултикултурен


Организаторите на денешниот Марш, бараат целосен пресврт во начинот на водењето на политика во државата со ставање на животната средина на прво место при носењето на сите одлуки. тотална мобилизација на сите општествени ресурси со единствена цел - прочистување и ревитализација на животниот простор. промена на менталитетот од кој доаѓа односот кон природат исеопфатна, детална програма за обнова на уништената околина.


Здружените граѓански организации и иницијативи (Fridays For Future Skopje, O2 Иницијатива, Не Биди Ѓубре, Скопје Смог Аларм, Мој Воздух, Движење за чист воздух, Го Сакам Водно, Билка, Levizja Nena dhe Femija / Движење Мајкa и Дете, Битола сака чист воздух, Eco Guerilla, Група граѓани од Визбегово, Скопје бара чист воздух, Здрава Котлина, Еко Долина, Младите од Иловица и Штука, Е.Д.Е.Н, Охрид SOS, Struganët për Strugën / Стружани за Струга,, Шепасти ентузијасти, Дејзи Фемили) поднесоа листа на барања на 26 страници. Барањата се днесуваат на областите - Отпад, Јавно обвинителство, Диви населби, Инспекција, Закони, Прекшоци, Индустрија, Жешки точки, Концесии за експлоатација на минерални суровини и за мали хидроцентрали, Заштитени подрачја, Греење, Зеленило, Сообраќај, Урбанизам, Фискална децентрализација и граѓанско одлучување, Енергија од обновливи извори, Фондови, Мониторинг, УНЕСКО – Охрид, Статистика и Одржлив развој....


Според организаторите, барањата се остварливи, со конкретни со рокови и одбрани по темелна анализа, и тие затоа очекуваат посветеност на надлежните ии сериозно внимание за секое од нив.

„Не прифаќаме одговори дека ќе или се работи, дека е долготраен процес, најмалку дека треба да имаме разбирање зошто процесот е комплексен, тоа го знаеме - затоа и го разделивме на конкретни активности и барања во секоја област. Несфатливо е одолговлекување на конкретни активности како носење на закони кои стојат готови и чекаат одлука, некои и по пет години, како Законот за почва на пример“, порачуваат организаторите.

Според нив, несфатлива е инертност кога се во прашање 3.500-те животи на сограѓани кои се губат секоја година, како и порастот на тешки канцерогени заболувања.


„Бараме исполнување на сите точки за активниот граѓански сектор да не биде принуден револтот да го подигне на друго ниво и да премине во граѓанска непослушност и повик за бојкот на претстојните избори, затоа што е премината секоја граница на толеранција по долгогодишни институционални борби.... Се оградуваме од секакви политички влијанија, секој е добредојден, но без партиски обележја. Оваa заедничка платформа е само почеток и е производ на сите облици на граѓански активизам од годините наназад, поединечен или организиран, сплотен со младешката енергија на оние за кое ова го бараме, за нашата иднина!“

Но, на социјалните мрежи се појавија и полемики околу обиите за политичко спинување на настанот и партиски влијанија. Токму затоа во повикот до граѓаните, се посочени организациите и иницијативиоте кои ги поддржуваат заедничките барања, но не и евентуалниот бојкот на избори и граѓанска непослушност: ЕкоКарпош 3,2,1, Ние сме Карпош 4, Плоштад Слобода, Здравје пред профит во Центар, Shoqata ekologjike GvEko / Еколошко здружение ГвЕко / Ekoloji dernegi GvEko, Анима Мунди, Young Friends of the Earth Macedonia, Екоскоп,

XS
SM
MD
LG