Линкови за пристапност

Ситуацијата стабилна, но внимателно да се набљудува


Ситуацијата стабилна, но внимателно да се набљудува
Ситуацијата стабилна, но внимателно да се набљудува

Безбедносната ситуација во Македонија е стабилна, но треба да се набљудува внимателно - oва е оценката на меѓународните фактори и стручњаците, по откривањето на поголеми количини на оружје и постоењето на вооружени лица на македонско-косовската граница.

Безбедносната ситуација во Македонија е стабилна, но треба да се набљудува внимателно - oва е оценката на меѓународните фактори и стручњаците, по откривањето на поголеми количини на оружје и постоењето на вооружени лица на македонско-косовската граница.

„Сите следиме со голем интерес. Не мислам дека постои каква и да е` можност да се повтори тоа денеска, не во истиот формат и како што претходно реков, многу јасно, насилството нема да му помогне на никого. Тие што мислат дека на тој начин ќе постигнат нешто, ќе наидат на осуда од меѓународната заедница“, изјави амбасадорот на ОБСЕ Хозе Луис Фереро.

Амбасадорот на ЕУ Ерван Фуере ја сподели загриженоста за заканите врз безбедноста, што деновиве ја искажа началникот на силите на НАТО за Европа, адмиралот Марк Фицџерлад. Фуере смета дека станува збор за криминална група која има поинакви цели од оние кои ги споледуваат граганите на Македонија.

„Јас ги сметам за обични криминалци, бидејќи се обидуваат да ја узурпираат стабилноста на земјата и да создадат страв и грижи, а секако и загрижувачка е ситуацијата, вчера тоа го потенцираше и Адмиралот Фицџералд од НАТО, дека постоењето на вооружување во одредени области е нешто што треба да го следиме. Но ние, меѓународната заедница, бевме многу јасни во нашата изјава минатата недела, кога потенциравме дека насилството под ниедни услови не е решение за проблемите“, изјави амбасадорот Фуере.

Тој ги повтори и повикот во заедничката изјава на НАТО, САД, ЕУ и ОБСЕ до политичките лидери за поголема одговорност.

„Ја поддржуваме земјата да ги постигне своите цели за интеграција со ЕУ и НАТО. Второ, исто така ја потенциравме одговорноста на сите политички партии - и на власта, и опозицијата - да работат заедно кон целосно, ефективно имплементирање на Охридскиот рамковен договор и создавање на подобра клима на доверба кај различните етнички заедници, затоа што тука има вистински проблеми. И, се разбира, го потенциравме неприфаќањето на насилството под ниедни услови“, рече Фуере.

Поранешниот министер за одбрана Владо Поповски, пак, смета дека не се исклучени помали вооружени инциденти што нема да значат дека ќе се повтори обемот на конфликтот кој изби 2001-та година.

„Мислам дека на граѓаните им дојде преку глава конфликт од типот на 2001-ва година, и на Албанците, и на Македонците, како граѓани. Второ, мислам дека масовни формации тешко можат да се соберат надвор од граѓанското тело. Значи, мислам дека нема да има повторување на 2001-ва година, но инциденти сигурно се можни“, рече Поповски.

XS
SM
MD
LG